36-ТОНСКИ ХИДРАУЛИЧНИ РОВОКОПАЧИ

36-ТОНСКИ ХИДРАУЛИЧНИ РОВОКОПАЧИ

 

CAT 336 & 336 GC

 СОЗДАДЕНИ ДА СЕ ВКЛОПАТ ВО ВАШАТА РАБОТА

 

 

 

+ поместување на стандардот на повисоко ниво  

CAT 336 го подигнува стандардот за ефикасност и економичност при потрошувачката на гориво во оваа класа. Со највисоко ниво на стандардна фабрички вградена технологија во индустријата, нова кабина која што се фокусира на удобноста на ракувачот, плус помала потрошувачка на гориво и помали трошоци за одржување, моделот 336 поставува ново темпо за продуктивност и профит во работата.

 

 

+ СИГУРЕН. УДОБЕН. ПРОДУКТИВЕН.

Моделот 336 Ви нуди идеален баланс на доверливи перформанси, функција за продуктивност на ракувачот и намалени трошоци. CAT 336 GC е паметен избор за работи каде приоритет се високото ниво на сигурност и ниските трошоци за изведба по час.

 

 

Моделот Cat 336 го нуди највисокото ниво на стандардна фабрички вградена технологија во индустријата, вклучувајќи Cat Grade со 2D, Grade со опција за поместување (Assist) и корисно оптоварување (Payload).

Прецизната комбинација од помала брзина на моторот и висок притисок и проток на хидрауличната пумпа овозможува Cat 336 да заврши повеќе работа по единица гориво.

Продолжените интервали на одржување го зголемуваат времето на активност и ги намалуваат трошоците.

 

 

 


 

 

МОНИТОР СО ЕКРАН НА ДОПИР

Повеќето поставки на машината се контролираат преку монитор со екран на допир и висока резолуција од 254/203 mm. Тој нуди 42 јазици и лесно може да му се пристапи од седиште - без да има потреба од свиткување или вртење за да се дофатат прекинувачите. Практичната контрола со тркалце и копчињата за брз пристап се исто така ергономски поставени на десната конзола.

 

ПРИЛАГОДЛИВИ ЏОЈСТИЦИ

Функцијата на џојстикот може да се прилагоди преку мониторот. Распоредот на командите и реакцијата на џојстикот може да се постават да одговараат според преференциите на ракувачот. Сите преференции се зачувуваат под ИД број на ракувачот и се враќаат при логирање. 

 

 

СТАРТУВАЊЕ БЕЗ КЛУЧ

Со користење притисно копче без клуч за стартување на моторот дополнително се зголемува сигурноста на машината преку користење ИД кодови на ракувачот за ограничување и следење на пристапот до машината. Кодовите можат да се внесат мануелно, преку опционален Bluetooth® приврзок за клуч или апликација за смартфон.

 

 

СПЕЦИФИКАЦИИ

336

336 GC

Моќност на моторот

Cat 9.3B 232 kW (311 hp)Cat 7.1 204 kW (273 hp)
Работна тежина37.200 kg34.200 kg
ГранкаДосег 6.5mДосег 6.5m
СтрелаДосег  3.9mДосег 3.2m
КорпаGDC 2.27 m3HD 1.88 m3
Максимална длабочина на копање8200 mm7530 mm

Максимален досег на ниво на земјено тло

11.730 mm11.060 mm

Каталог

336

336 & 336GC (MK)

336 GC

336 & 336GC (MK)

КАРАКТЕРИСТИКИ

336

336 GC

Структура ROPS

Стандардна

Стандардна
100% пристап за одржување на ниво на земјено тлоСтандарднаСтандардна
Режими за моќност вклучувајќи смарт режимТриДва
Способност за прилагодување на биодизел до B20СтандарднаСтандардна
Cat LinkСтандарднаStandard
Grade co 2DСтандарднаX
Grade со опција за поместување (Assist)СтандарднаX
Корисно оптоварување (Cat Payload)СтандарднаX

Grade со напредно 2D

ОпционаленX

Grade со 3D

ОпционаленX