Делови и Сервис

Делови и Сервис

Кога ќе настане дефект, дали можете да си дозволите застој на машинеријата со денови, па дури и недели, чекајќи го дистрибутерот да ги пронајде и да Ви ги испрати деловите кои Ви се потребни?

Извршете ги потребните поправки или одржување и вратете ѝ се на работата побрзо, со неспоредлива достапност на делови, сервис и поддршка од Teknoxgroup.

Што нè прави токму нас квалифицирани да Ве заслужиме како купувач во бизнисот со делови? Ова се само неколку од предностите, кои ги ценат нашите потрошувачи:

Неспорeдлива достапност на делови
Нашите целосно опремени магацини со делови и пристапот до залихата на Cat® овозможуваат да Ви го обезбедиме делот што Ви е потребен тогаш кога ќе Ви биде потребен. Доставата вклучува нови, класични делови и преработени делови. 

1. Нови делови:

Илјадници делови на полиците стојат на Ваше располагање
Доколку бараниот дел го немаме на залиха, ќе ни биде испратен по DHL со што значително се намалува времето на испорака
Неспоредливо брзо обезбедување делови кои итно Ви се потреби

2. Reman / Делови за замена:

Кога и да треба да замените мотор, дел од мотор или друг дел од опремата, производите Caterpillar Reman и Carter Exchange се од извонредно значење. Cat воведе стандарди за преработка и клучни конструкции кои постојано се ажурираат, со цел да се обезбеди извонредна изведба, сигурност и долготрајност. Производите Reman и Exchange се поткрепени со истата гаранција како и новите Cat делови. Единствената разлика е во цената. 

Погодности и стручност

Сметајте на брзо и одговорно обезбедување делови . Вработивме над 200 посветени професионалци со големи познавања во својата област, кои ќе ги преземат и исполнат порачките и ќе Ви понудат голем број методи за пласирање на Вашата порачка на делови.

Контрола на контаминација

За да ги одржуваме деловите кои ја движат Вашата опрема во беспрекорна состојба, ги чуваме во чисти магацини во кои се контролира контаминацијата и се придржуваме кон стриктни правила за контрола на контаминација при ракување и дистрибуција.

ДЕЛОВИ

Извонредна изведба и ниски трошоци

Caterpillar® погонските и трансмисионите делови заедно пренесуваат сила со која ја придвижуваат Вашата Cat® опрема за изведување градежни работи низ голем број локации ширум светот. Caterpillar дизајнира и произведува најквалитетни погонски системи во индустријата и работиме со Вас за да постигнеме најдобри перформанси на машините нудејќи оригинални Cat погонски делови, заедно со извонредни можности за одржување и поправки кога тоа ќе Ви биде потребно. Резултатот е максимална продуктивност на машината и ниски оперативни трошоци за поседување и одржување на машината.

Нашите магацини

Teknoxgroup Ви ги нуди своите производи преку 13 регионални и помошни магацини:

  • Словенија – Гросупље
  • Хрватска – Загреб, Сплит, Риека и Осјек
  • БиХ – Сараево, Лакташи и Лукавац
  • Србија – Белград
  • Црна Гора – Подгорица
  • Косово – Приштина
  • Македонија – Скопје
  • Албанија - Тирана

CAT ТЕЧНОСТИ

Caterpillar нуди Cat течности кои се издржливи колку и Вашата опрема. Како што се подобрува технологијата на опремата и побарувањата за изведба стануваат сè поголеми, течностите во Вашиот систем стануваат сè поважни. Teknoxgroup обезбедува течности со висок квалитет кои ги подобруваат перформансите и го продолжуваат работниот век на Вашата опрема. Cat средствата за подмачкување и разладувачите се тестирани при работа и одобрени за да се увериме дека ги исполнуваат барањата за изведба на секој одделен дел и негово ладење.

CAT МАСЛО

CAT маслото е специјално произведено за CAT машини и како средство за подмачкување врши неколку основни функции за да овозможи соодветно подмачкување. Пред сè, овозможува создавање обвивка од масло кој го сведува допирот метал-со-метал на минимум, со што се намалува триењето и абењето. Вискозноста е најзначајното својство на едно средство за подмачкување, бидејќи се однесува на густината на обвивката од масло.

Ве молиме притиснете тука да се отвори Cat® Bio HYDO™ Advanced висококвалитетно хидраулично масло

CAT АНТИФРИЗ

Од 1996 год. Cat ELC (Extended Life Coolant – разладувач со продолжен век на употреба) е фабрички наполнет антифриз за новите Caterpillar машини низ целиот свет. Cat ELC трае минимум три пати подолго од стандардните разладувачи за тешка механизација, притоа обезбедувајќи подобра заштита од корозија од останатите разладувачи кои се денес присутни на разарот.

CAT ФИЛТЕРИ

Изборот на средство за подмачкување за Вашата машина е првиот чекор – користењето соодветни филтери е вториот. Постојаната употреба на квалитетни филтери овозможува одржување на чистотата на системите, го намалува абењето на деловите и ги намалува оперативните трошоци. Cat филтерите се дизајнирани да бидат компатибилни со Cat течностите и Caterpillar машините и системите од делови, за да овозможат највисоко ниво на чистота и изведба – штитејќи ги Вашите системи и намалувајќи ги Вашите трошоци.

ГАРАНЦИЈА ЗА CAT ДЕЛОВИ

Ве молиме запомнете дека Teknoxgroup нема само да Ви продаде дел, туку ќе стои зад неговиот квалитет и изведба со гаранција за CAT делови. 

Caterpillar центар за дистрибуција на делови во Гримберген

Магацинот за Caterpillar резервни делови во Европа се наоѓа во Гримберген во близина на Брисел, Белгија. Магацинот, изграден во 1960 година, ја опслужува Европа, Блискиот Исток, Африка и Заедницата на Независни Држави.

    • 29 претставништва во 32 земји во Европа
    • 26 претставништва во 65 земји во Африка и Блискиот Исток

    Во овој магацин кој се простира на 108,400 m2 со над 400 вработени се складирани повеќе од 300,000 производи.

    Преку софтверот за порачки кој се развивал изминатите години и кој се користи од страна на сите претставници за производите Caterpillar, можe да се бараат потребните делови не само во магацинот Гримберген, туку и во останатите Caterpillar-ови магацини низ целиот свет.

    Порачки

    Освен порачките кои секојдневно се испраќаат со авион, од Белгија двапати неделно тргнуваат и камиони со итни порачки и наши дневни порачки кои ја обезбедуваат залихата на магацинот, пристигнуваат на царина два дена подоцна и повторно по најдоцна два дена излегуваат од царина и се испорачуваат до нашите магацини.

    Оние делови кои ги нарачуваме од Cat/Гримберген, а кои не се достапни во Гримберген, ги обезбедуваме со пребарување низ целиот свет преку мрежата помеѓу самите Caterpillar центри и потоа ги добиваме во Teknoxgroup.