1-2 ТОНСКА ЛИНИЈА

ЗАШТЕДЕТЕ ВРЕМЕ И ПАРИ

Pаботењето во мал простор никогаш не било полесно – или поудобно. Изберете од петте нови модели со карактеристики кои се водечки во индустријата што ќе ги најдете само кај мини ровокопачите Cat®.

Вкупниот трошок за сопственост на овие нови модели е до 15% помал од оној на претходните модели.

 

ОВИЕ 1-2 ТОНСКИ МОДЕЛИ ДОАЃААТ СО:

 

УПРАВУВАЧКА ПАЛКА

Движењето на терен е многу поедноставно со опцијата за управувачка палка на Cat. Лесно преминете од традиционалниот начин на управување со менувач на управување со џојстик и копче на притискање. Можете да ја контролирате машината, како на пример компактниот натоварувач, користејќи го џојстикот од левата страна. Со десниот џојстик можете да го контролирате ножот или гранката и функионирањето на палката.

 


 

LCD МОНИТОРN

Прилагодете ги Вашите поставки, примајте повици и пуштајте си музика, се’ на едно место. Прилагодете ги поставките, како на пр. хидрауличната брзина, да одговараат на задачата која ја имате. Исто така можете да примате повици преку мониторот додека работите и да ја прилагодите температурата во кабината. Опцијата за Bluetooth значи дека можете да го вклучите радиото или да си пуштате Ваши плеј листи.

КЛИМАТИЗЕР

Работете со задоволство во текот на долгите, жешки денови, избирајќи ја опцијата за клима уред. Може да го контролирате ладењето и греењето преку LCD монитор за да се погрижите кабината да остане на температура која најмногу Ви одговара. Кабината е дизајнирана да се запечатува под притисок со што се спречува навлегување на прашина и чистиот воздух се задржува во неа.

 

ТЕМПОМАТ

Возете удобно со избирање на режимот за контрола на брзината. Можете да го вклучите темпоматот со притискање на активатор под џојстикот – перфектен е за возење на машината на голем отворен терен. На крајот на денот повеќе нема да треба да трпите болки во половината и грбот како последица на свитканост над менувачот.

Модел (СПЕЦИФИКАЦИИ)

301.5

301.6

301.7 CR

301.8

302 CR