6-10 ТОНСКА ЛИНИЈА

ПОВЕЌЕ ФУНКЦИИ, ПОМАЛКУ ПАРИ

Мали, но моќни, овие машини ви даваат снага кога ви е потребно. Новите модели овозможуваат моќен опсег на опции од кои можете да изберете. Со зголемена снага на подигање, моќност на моторот и функции, овие модели се во голема мера универзални. Продолжените интервали за сервисирање овозможуваат 10% заштеда во споредба со претходните модели. Моделите VAB вклучуваат гранка со променлив агол.

ОВИЕ 6-10 ТОНСКИ МОДЕЛИ ДОАЃААТ СО:

 

УПРАВУВАЧКА ПАЛКА

Движењето на терен е многу поедноставно со опцијата за управувачка палка на Cat. Лесно преминете од традиционалниот начин на управување со менувач на управување со џојстик и копче на притискање. Можете да ја контролирате машината, како на пример компактниот натоварувач, користејќи го џојстикот од левата страна. Со десниот џојстик можете да го контролирате ножот или гранката и функионирањето на палката.

 


 

LCD МОНИТОРN

Прилагодете ги Вашите поставки, примајте повици и пуштајте си музика, се’ на едно место. Прилагодете ги поставките, како на пр. хидрауличната брзина, да одговараат на задачата која ја имате. Исто така можете да примате повици преку мониторот додека работите и да ја прилагодите температурата во кабината. Опцијата за Bluetooth значи дека можете да го вклучите радиото или да си пуштате Ваши плеј листи.

КЛИМАТИЗЕР

Работете со задоволство во текот на долгите, жешки денови, избирајќи ја опцијата за клима уред. Може да го контролирате ладењето и греењето преку LCD монитор за да се погрижите кабината да остане на температура која најмногу Ви одговара. Кабината е дизајнирана да се запечатува под притисок со што се спречува навлегување на прашина и чистиот воздух се задржува во неа.

 

ТЕМПОМАТ

Возете удобно со избирање на режимот за контрола на брзината. Можете да го вклучите темпоматот со притискање на активатор под џојстикот – перфектен е за возење на машината на голем отворен терен. На крајот на денот повеќе нема да треба да трпите болки во половината и грбот како последица на свитканост над менувачот.

Модел (СПЕЦИФИКАЦИИ)

306

307.5

308 CR / 308 CR VAB

309 CR / 309 CR VAB

310