Договори за поддршка на корисници (Customer Support Agreement: CSA)

Договори за поддршка на корисници (Customer Support Agreement: CSA)

Имајќи ја во предвид мисијата на нашата група „да развиеме и овозможиме најдобри решенија со најголема корист за нашите корисници“, ние во Teknoxgroup нудиме Договори за поддршка на корисниците (CSA) за да Ви помогнеме подобро да управувате со Вашите машини.

Нашата понуда се состои од едноставни „CSA“ или „CSA“ Плус со софистицирано Целосно одржување и Договори за поправки (Total Maintenance and Repair Agreements: TM&R):

Договори за поддршка на корисници – „CSA“

Нашите „CSA“ понуди се посебно составени за Вашата машина или за Вашиот систем на генераторот (основен и во готовност) за да бидете сигурни дека се секогаш во беспрекорна состојба. Нашите целосно обучени техничари во сервисот доаѓаат и го сервисираат Вашиот уред во редовни интервали (PM1: на 250 работни часови, PM2: на 500 работни часови, PM3: на 1000 работни часови, PM4: на 2000 работни часови) според Упатството за работа и одржување на Caterpillar (OM&M).

Со нивната умешност и способност и со користење на алат препорачан од добавувачот, ќе се погрижат сите контроли и подесувања да бидат извршени правилно.

Додека се проверува Вашиот уред можат да бидат откриени и други потенцијални проблеми на Вашата машина, со што ќе можете да планирате и извршите поправки пред да настане дефект.

И на крај, но никако помалку важно, нашата понуда опфаќа и безбедносни проверки. Додека се врши проверката, нашите техничари во сервисот ќе се погрижат за придржувањето кон сите безбедносни правила.

Времетраењето на „CSA“ е по договор и неговата цена е однапред одредена и вклучува:

    • Нови флуиди како што се масло, хидраулика, пренос и антифриз
    • Нови оригинални Caterpillar делови
    • Време поминато на пат и патни трошоци
    • Комплетни писмени извештаи за прегледот на машината
    • Анализа на сите флуиди
    • Отстранување на отпадните флуиди и филтри

    „CSA“ Плус

    Вклучува сè од горенаведеното во стандардниот „CSA“, но исто така и:

    • Планирани замени на позначајните делови (овој список најчесто се составува со помош на Вашите надлежни претставници за одржување производи (Product Support Representatives - PSR)

    Целосно одржување и Договори за поправки - TM&R

    Вклучува сè од горенаведеното во „CSA“ Плус, но исто така и:

    • Сите закажани механички поправки и целосна покриеност за незакажани механички поправки за време на траењето на договорот. Исто така може да вклучува загарантирана расположливост на машината.

    Без разлика за која „CSA“ опција ќе се одлучите, ќе се здобиете со алатка за спокојство, бидејќи:

      • Однапред ќе ги знаете трошоците за одржување на Вашиот уред, што воедно значи поедноставено буџетирање
      • Ќе заштедите пари и ќе имате повеќе време да им се посветите на другите аспекти од Вашето работење.
      • Можете однапред да ги планирате прекините во одржувањето на машините
      • Ќе го максимизирате работниот век, а минимизирате трошоците со закажување поправки пред да дојде до поголем дефект
      • Ќе го намалите инвентарот на резервни делови
      • Ќе ја намалите бројката на Вашиот персонал за сервис
      • Ќе избегнете набавки на специјални алати
      • Ќе имате поголема преостаната вредност на уредот
      • Секогаш можете да бидете сигурни дека Вашата машина е поправана од страна на експерт и истренирани очи

      и бидејќи се составени да Ве движат по најниски можни цениНашата понуда е за мали и големи уреди, бидејќи потребата за ефикасна работа и помали работни трошоци е еднаква, без оглед на големината, староста или примената на машината. Затоа „CSA“ е достапен за нова и/или користена опрема.

      Испитувањата извршени во различни претставништва низ целиот свет докажаа, дека трошоците за поседување и одржување на машина која е под „CSA“ се намалуваат за 25-35%.