Ренекспо

Ренекспо

Ренекспо

Меѓународна конференција за биомаса и биогас


Дводневната Меѓународна конференција за биомаса и биогас се одржа во рамките на приклучниот програм на саемот „Ренекспо”  од 11-12 јуни во Сава центарот во Белград, каде машините за подготвување  на биомаса на „Комптек” , моторите на гас и конгенеративните модули на Caterpillar беа претставени од господата Предраг Стојановиќ и Теуфик Садовиќ од Текноксгруп БиХ.

Во првиот дел на презентацијата, г-нот Предраг Стојановиќ во името на Текноксгруп ги претстави производите на австриската компанија „Комптек” чии  екслузивен застапник е „Текноксгруп” за териториите на Албанија и некогашна Југославија. Се работи за водечки европски производител  на машини и опрема за механичко  биолошко третирање на отпад, подготовка на биомаса и компостирање.

Господинот Стојановиќ ги класифицираше машините на   „Комптек” на следниов начин:   машини за кршење (дробилка за дрвенеста биомаса, машина за производство на дрвени деланки, универзални кршачки и машини за подготовка на деланки); машини за сепарација, раздвојување (класичното рото сито, машина со sвездесто сито, воздушни сепаратори, сепаратори за камен); машини за компостирање, односно машини за аеробна дигестија на материјали (како на пример превртувачи на компостот).

Во вториот дел на презентацијата на Текноксгруп, г-нот Теуфик Садовиќ зборуваше за потенцијалот на  гасот на територијата од Словенија до Албанија (гасот од кокс, гасот на нафтените полиња, природниот гас и биогасот).

 

 

Господинот Садовиќ говореше за широкиот производен програм и предностите на моторите на гас и конгенеративните модули на Caterpillar. Тој ја истакна нивната можна примена, односно типовите на гас кои можат да се применат во моторите. Исто така, се осврна и на актуелните проекти во кои учествува „Текноксгруп Србија”, каков што е проектот за искористување на гасот од каптажата на нафтените полиња SS 1  Велебит во Кањижа, и нафтеното поле SGS Србобран во Србобран.