Училишниот брод „Јадран” опремен за идните пловидби со доверливиот мотор на Caterpillar

Училишниот брод „Јадран” опремен за идните пловидби со доверливиот мотор на Caterpillar

Училишниот брод „Јадран” опремен за идните пловидби со доверливиот мотор на Caterpillar


Чест ни е и големо задоволство  што Tекноксгруп заедно со Јадранското бродоградилиште Бијела, токму во моментот кога излегува овој текст, интензивно работат на ремонтот на надалеку познатиот брод „Јадран”.  Овој брод е од историска важност за Морнарицата на  Црна Гора, и со самото тоа за државата Црна Гора. Во иднина, освен едрата, бродот ќе го придвижува и погонскиот мотор на Caterpillar С18.  Најстариот едреник на црногорската морнарица ќе биде опремен со уште три помошни генератори на Caterpillar, два С6.6 и еден С4.4. За време на 80 години пловидба, овој брод впловувал во пристаништа долж обалите на Африка и Азија, а во далечната 1938 г. впловил и во Соединетите Американски Држави.

Моќноста од 448 bkW (600bhp) на главниот погонски мотор С18 ќе претставува силна и доверлива поддршка на  овој брод со челична конструкција и три палуби, со должина од 60 метри, ширина 8.9 метри и вкупен депласман од 761 кубни тони. Веднаш по пробното возење, бродот заплови во европските води со кадетите од  Поморската академија и студентите од  Факултетот за поморство.

 

Се надеваме дека на овој брод ќе се обучуваат уште многу генерации кадети, и за таа цел  му пожелуваме „мирно море”.