Најмалата машина на Caterpillar во најмалиот град на светот

Најмалата машина на Caterpillar во најмалиот град на светот

Најмалата машина на Caterpillar во најмалиот град на светот


Хум на Истра е познат како најмалиот град на светот. Се наоѓа во средишниот дел на Истра, 14 километари југоисточно од Бузет и тука е со векови (првите пишани трагови датираат од 1102 година). Во внатрешноста на сочуваните градски sидини се наоѓаат две мали улици и две цркви -  месната црква Вознесение на Света Дева Марија изградена во 1802 г. и романичката црква Св. Јероним  која датира од 12 век. Според пописот од 2011 г. градот Хум има  30 жители, што се смета за значително зголемување  во споредба со 17 жители во 2001 г. Во својата историја градот бележел  поголем број на  жители, но ретко кога повеќе од 100.

Пред неколку години во овој град се населил Дејан Станиќ. Дејан побегнал од градската бучава и брзиот, урбан живот и одлучил да живее мирно и поблиску до природата. Ја продал фирмата и станот и купил огромно земјиште близу најмалиот град на светот. Се одлучил сам да го уредува својот нов дом. Имајќи предвид дека градежните зафати што планирал да ги направи не се едноставни, Дејан решил да ангажира помошници. По извршената анализа за тоа што точно му е потребно, се одлучил за помошник во вид на работна машина, поточно – Caterpillar 300.9D, која е најмалата машина во понудата на Caterpillar. Така во мај 2014 г. најмалиот  Caterpillar пристигна во најмалиот град на светот.


Со оглед на тоа што
Caterpillar 300.9D е со ширина од само 730мм и маса под 1000кг, оваа машина е идеална за работа во мали простори. Имотот на Дејан се наоѓа на неколку стотина метри оддалеченост од Хум, така што најважната намена на машината е потребата да се провлекува низ стеблата во шумата на неговиот имот, а не низ тесните улички на градот Хум. Меѓутоа, во малите заедници луѓето се држат заедно и Дејан смета на помош од соседите. Жителите на Хум и околните населби негуваат посебен облик на заедништво, така што  голем дел од приватните зафати многу брзо стануваат заеднички проекти. Згора на тоа, често се работи и на подобрување на инфраструктурата на самиот град. Некој ќе помогне со машина, некој со камион, а некој со раце. Хум е одличен пример на функционална мала заедница во која малиот   300.9D многу брзо ќе си го пронајде своето место.


Своите способности за работење во тесни простори  Cat 300.9D ги докажа кога Дејан ја возеше машината во градот за фотографирање. Без никаков проблем машината влезе и помина низ познатата Алеја Глагољаша кај градската капија. Како што  се пробиваа низ градот со брзина од 1.8 км/ч, Дејан и неговата машина привлекуваа се́ повеќе љубопитни погледи врз себе, и тоа не само од жителите на градот Хум, туку и од туристите, со кои овој град обилува  кога ќе се појават првите зраци на пролетното сонце. Дејан одлично се снајде во улогата на оператор, иако имаше насобрано искуство од само неколку работни часови на испорачната машина.  Cat 300.9D е дизајниран и произведен за лесно управување и без никакво операторско искуство.

Во текот на веселите разговори и шеги со соседите, се вметнуваа и планови за идни зафати околу уредувањето на градот и околината, се договараше кои луѓе ќе бидат ангажирани, како и обврзната прослава која неминовно ги следи работните акции. Се планираше  отстранување на каменот, заради што Дејан најверојатно треба да набави дополнителни алати за  Cat 300.9D. Во текот на нашето еднодневно дружење, среќниот сопственик  на најмалата машина на  Cat ни раскажуваше за неговата намера да не застане само на малата  300.9D , туку дека планира во иднина да купи уште некоја машина на Caterpillar. Одушевен е од услугата и работењето на вработените  во Текноксгруп Хрватска д.о.о. кои гарантираат  овластена продажба и сервисна мрежа на   Caterpillar. Токму заради нивниот квалитет, производите на Caterpillar ќе ја имаат таа чест да учествуваат во подобрувањето на животот во градчето Хум,  со што ќе бидат заслужни за одржување на начинот на живеење во најмалиот град на светот.„Управувањето со оваа машина е толку интуитивно и едноставно,  што очекувам дека  овие денoви ќе започнам со изградба на пешачките патеки на мојот имот, за чија намена  всушност и ја купив”.