CATERPILLAR® ГО ПРЕДАДЕ 100,000-ТИОТ МИНИ ХИДРАУЛИЧЕН БАГЕР

CATERPILLAR® ГО ПРЕДАДЕ 100,000-ТИОТ МИНИ ХИДРАУЛИЧЕН БАГЕР

CATERPILLAR® ГО ПРЕДАДЕ 100,000-ТИОТ МИНИ ХИДРАУЛИЧЕН БАГЕР

Caterpillar прослави многу важен настан: продажба на 100.000-тиот мини хидрауличен багер со производство на ексклузивна сребрена машина


Caterpillar прослави многу важен настан: продажба на 100.000-тиот мини хидрауличен багер со производство на ексклузивна сребрена машина. Минатата недела Caterpillar го предаде 100.000-тиот мини багер на германското компанија Matthäi, коешто го придодаде на останатите 30 Caterpillar машини во својата флота.

Ричард Купер, Генералниот директор за производство на градежни производи во Caterpillar за Европа изјави: „Бизнисот со мини хидраулични багери е многу важен за Caterpillar. Ние ги произведуваме машините повеќе од десет години и постојано ги развиваме за да ги исполнат барањата на купувачите за доверливост, трајност и лесно одржување. Пресреќни сме што достигнавме ваква пресвртница и што Matthäi ни помага да го прославиме овој настан“.

Caterpillar го добавува својот асортиман на мини хидраулични багери од фабриките во Јапонија и Обединетото Кралство. Фабриката во Обединетото Кралство се наоѓа во Десфорд, Лестешајер и произведува и извезува модели со тежина под три тони заедно со ровокопачи натоварувачи и мали натоварувачи на тркала. Caterpillar брои над 12.000 вработени само во Обединетото Кралство, од кои 1000 се стационирани во постројката на компанија во Десфорд.

 Matthäi, компанија основана во 1933 година, со седиште во Ферден, Долна Саксонија, брои 1.500 вработени, со главни дејности кои вклучуваат изградба на патишта, изградба на пруги и поплочување. Компанија ќе го употреби 100.000-тиот мини хидрауличен багер како демонстрациона машина во сите подружници на Matthäi во Германија.