ТРЕТИРАЊЕ НА ОТПАДОТ

ТРЕТИРАЊЕ НА ОТПАДОТ

Komptech е водечки меѓународен производител на машини и системи за механички и механичко- биолошки третман на цврст отпад и биомаса, како и за обработка на дрвна биомаса за употреба како обновливо гориво.  

Нашата палета на производи опфаќа над 30 различни видови на машини кои ги покриваат клучните чекори при ракувањето со отпадот и преработката на биомасата.

Сите машини се карактеризираат со практичен фокус и пионерски дух. Практичниот фокус значи дека тие се дизајнирани според потребите на нашите клиенти, а не според нашите. Пионерскиот дух значи работа свртена кон иднината, натамошно култивирање на нашата вообичаено висока експер- тиза за развој.

 

 

 

 

 

 

ГОРИВО ПРОИЗВЕДЕНО ОД ОТПАД

Денес, производството на гориво од отпад претставува составен дел на раку- вањето со отпадот. Со проширувањето на законските ограничувања или забраната за депонирање на нетретиран отпад, и потребата да се извади енергијата од отпадот, RDF стана многу важен вид на стока.

Висококалоричните фракции на комер- цијалниот отпад, остатоците од производ- ството, амбалажниот отпад, гломазниот отпад, па дури и отпадот од домаќин- ствата, може да се преработат во гориво произведено од отпад.

Во зависност од неговиот квалитет, ова го- риво може да се користи во индустриски печки, цементарници и термоелектрани.

Komptech е извонредно заинтересиран за горивата произведени од отпад, а производите на компанијата Komptech се застапени во сите главни чекори во процесот на создавање RDF.

БИОМАСА

Целта на цврстата биомаса е да придо- несе во преминот од фосилни горива на обновливи енергенти. Меѓутоа, за постиг- нување на амбициозните цели за греење и производство на енергија од дрвна биомаса, таа ќе мора да биде достапна во големи количини.

Во согласност со нашиот слоган „Техно- логија за подобра животна средина“, го прифативме предизвикот за изнаоѓање начини тоа да го направиме со исправ- но процесирање кое, воопшто, опфаќа дробење, класирање со просејување и раздвојување, гориво кое може да се про- даде и може да се екстрахира од различ- ни материјали.

Покрај дрвната маса од шумарството, како што се шумски иверки, и други ма- теријали можат да бидат економски одрж- ливи извори на гориво.

Овде е вклучен зелениот отпад од градинарството и уре- дувањето на површини, корења, дрвна граѓа и нетретирано отпадно дрво – сите материјали кои ги собираат комуналните служби.

Нашата улога е да развиеме вистински концепти и најисплатлива машинерија за овој динамичен пазар.

МЕХАНИЧКО-БИОЛОШКИ ТРЕТМАН

Механичко- биолошкиот третман (МБТ) е вистинскиот одговор на прашањето за тоа како можеме да ги направиме депониите помалку штетни за животната средина. Ако сакаме да се намалат емисиите од депониите со мешан отпад, потребно е да почнеме да ги рециклираме материјалите со користење на енергија од отпадот и со создавање на постабилен талог за одло- жување на депонии.

Органските материи во отпадот ги пре- дизвикуваат повеќето од проблемите на депониите. Овој процес мора да се намали и да се стабилизира преку ком- постирање. Системот на МБТ може да го направи тоа. 

Финалниот производ на механичко- био- лошкиот третман е стабилен или исушен компостиран талог, рециклирачки мате- ријали и гориво произведено од отпадот.

Машините на компанијата Komptech се користат ширум светот со цел да обезбе- дат помош за оваа задача. Нашите произ- води се присутни во сите главни чекори.