Новото Cat® Bio HYDO™ Advanced висококвалитетно хидраулично масло

Новото Cat® Bio HYDO™ Advanced висококвалитетно хидраулично масло

Новото Cat® Bio HYDO™ Advanced висококвалитетно хидраулично масло

Новото Cat® Bio HYDO™ Advanced висококвалитетно хидраулично масло ја доби престижната ЕУ назнака : Еколошко



Новата биолошки разложлива, нетоксична хидраулична течност од Caterpillar®, Cat Bio HYDO™ Advanced, претставува значителен напредок во развојот на технологијата за производство на биолошки масла, која по своите карактеристики се изедначи, па дури и ги потисна најдобрите карактеристики на првокласните минерални масла, притоа овозможувајќи неспоредлива заштита на животната околина.

Cat Bio HYDO Advanced постави високи стандарди за ефикасност, заштита на хидрауличниот систем и продолжен век на употреба ; со ова масло машината може да работи и до 6000 часови кога редовно ќе се следи преку Cat SOSSM Анализа на масло. За сопственикот на машината тоа значи поретко менување на маслото, помали трошоци за отстранување односно фрлање на маслото, пократки паузи при работење на машината и зголемена заштита на хидрауличниот систем, што резултира со намалени оперативни трошоци. Новата хидраулична течност овозможува постојана заштита од нагризување, односно абење на внатрешноста на хидрауликата преку одржување на широк температурен размер, од - 30C до + 45C, при што ја задржува својата способност лесно да се движи и да тече низ филтерите дури и во присуство на вода. Cat Bio HYDO Advanced е произведено од повеќе од 90% обновливи природни материи, поради што е класифицирано во лесно биолошки разложливи течности. Се разложува брзо и безбедно со помош на микроорганизми кои се природно присутни во почвата и водата.
 
“Cat Bio HYDO Advanced во моментов е единствено масло кое по своите својства припаѓа, па дури и ја надминува новата Cat BF-2 спецификација за биолошки разложливи масла“ објаснува Стефан Латини, Маркетинг консултант во Caterpillar. “При споредба, биолошки разложлива хидраулична течност која ги задоволува минимум критериумите на BF-1 спецификацијата (сега веќе застарена), резултатот е значително намален век на употреба, повисоки оперативни трошоци и потенцијално непочитување на новите еколошки стандарди за заштита на околината. За разлика од тоа, новата течност е со подобри својства од течностите опфатени со BF-1 спецификацијата и ние строго ја препорачуваме за употреба кај сите наши клиенти кои поседуваат нови и употребувани Cat машини.”

 
Еко-ознака
Еколошката наклонетост на новата BF-2 течност му овозможи на Cat Bio HYDO Advanced маслото да се здобие со престижната ознака од Европската Унија (ЕУ) Eco Flower, односно "еко-ознака" доделена откако производот беше темелно испитан по својствата, токсичноста, заштитата на животната средина и користење на обновливи ресурси.

Cat Bio HYDO Advanced - темелно тестирано масло и во лабораторија и на терен со цел да се потврди неговата исклучителна заштита од абење, стабилизирање на оксидацијата (стопирање на процесот за застарување) и продолжениот интервал на менување на маслото – тоа е најдобро масло за сите Cat хидраулични системи. Новото хидраулично масло е создадено со оптимизирана формула која овозможува хидрауличниот систем да остане чист и отпорен на создавање сјај, залепување и наслаги. Новото масло исто така овозможува брзо испуштање на воздухот и несоздавање на пена со што ги заштитува пумпата и останатиот дел од хидрауликата. Ниедно друго масло не ја овозможува оваа неверојатна комбинација од заштита и продолжен век на траење со толку високо ниво на биолошка разложливост, ниска токсичност и интензивна употреба на обновливи материи. Накратко, ниедно друго хидраулично масло не промовира подобар концепт на одржливост и вредност за купувачот од Cat Bio HYDO Advanced.