По 10 години Проаква конечно купи нов ”булдожер”

По 10 години Проаква конечно купи нов ”булдожер”

По 10 години Проаква конечно купи нов ”булдожер”


МЈП Проаква по пауза од околу десетина години деновиве конечно се поднови со нова механизација.
Прептпријатието набави ново основно средство, градежна машина, ровокопач ( во народот попознато како булдожер ) , од марката Катарпилар .

Ваквата градежна машина е неопходна за оперативните работи на претпријатието во делот на хидроградежните работи, за исполнување на инвестиционаа програма за водоснабдување во корелација со едиснтвениот и најголем работодоавач Општина Охрид , на чело со нашиот ментор, градоначалникот Никола Бакрачески, велат од Проаква.

Покрај ова, набавени се и нов сечач за алсфалт, кршач на бетон и дурги основни средства , алати и слично.

Проаква цели десет години немаше набавено нова механизација, градежни машини, па дури ни алати за вршење на основната дејност.

ВО МИНАТОТО НАБАВЕНИ БЕА САМО НОВИ АВТОМОБИЛИ
МЈП Проаква, ако не набави изминатата деценија нови машини, направи најголема набавка на нови автомобили, , кога беа набавени поголем број нови леки коли за службени возења, а кои ги купи на кредит.
Возилата кои беа на лизинг, пролетта беа конфискувани заради не платени рати, но потоа новиот директор Томе Паскалиев успеа да ги отплати долговите и да ги врати повторно во владение на прептријатието возилата кои беа купени пред три години.