Нашите машини им помагаат на загрозените од катастрофалните поплави

Нашите машини им помагаат на загрозените од катастрофалните поплави

Нашите машини им помагаат на загрозените од катастрофалните поплави


Во почетокот на мај, 2014 г. на  Босна и Херцеговина ѝ   се случија катастрофални поплави. Подивените реки направија огромни штети и уништија станбени, деловни и инфраструктурни објекти во поголемиот дел на државата. Голем број граѓани останаа без своите домови, но најтешко погодени беа градовите по долините на реките Босна и Сава. По обилните дождови, кои предизвикаа пораст на водостојот на реките    незабележан во последниве 100 години, се случи и лизгање на земјиштето, феномен  кој практично  избриша неколку села од географската карта.

Во средината на мај, примивме барање од Владата на Босна и Херцеговина за набaвка на две нови машини  BHL434F . Машините  требаше да бидат испорачани во најзагрозените реони во рамки на хуманитарната помош од Обединетите Арапски Емирати.  Максимално префесионално, во најкраток можен временски рок, Текноксгруп Б и Х одговори на барањето,  машините беа испорачани и  пуштени во погон, на задоволство на инвеститорот од ОАЕ и на Владата на Б и Х, но највеќе на жителите на поплавените подрачја.

Една од машините беше испорачана во општина Зеница, на подрачјето Топчиќ Поле кое беше тешко оштетено од лизгања на земјиштето. Другата  „комбинирка” е доставена во општина Жепче, како помош за отстранување на последиците од поплавите на подрачјето Железно Поле. Тешко е со зборови да се опишат реакциите на луѓето во реоните на гореспоменатите општини, но  и задоволството на операторите кои ги примија машините и веднаш пристапија кон напорната работа. Според зборовите на еден од нив,  машините на CAT се без конкуренција.

Двете машини   BHL434F работат, натоваруваат камиони и чистат десетици м3 отпаден материјал, нечистотии и кал. Нашата компанија уште еднаш докажа дека производот и услугата кои ги гарантира  Текноксгруп Б и Х, се убедливо број еден на домашниот пазар.