НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА РОВОКОПАЧИ-НАТОВАРУВАЧИ CAT®

НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА РОВОКОПАЧИ-НАТОВАРУВАЧИ CAT®

НОВИ МАШИНИ, ОРИГИНАЛНА ДНК

Првиот ровокопач-натоварувач Cat® беше пуштен во употреба во 1985 год. Потребите и работата на клиентите се имаат променето во изминатите 35 години, но денешните ровокопачи-натоварувачи остануваат верни на силните карактеристики на оригиналната серија А од 1985 година. Машините сѐ уште се дизајнирани од експерти за да се исполнат очекувањата на денешните ракувачи. Секој модел овозможува сигурност, моќ и работна средина за ракувачот со врвен квалитет кои се ваша сигурна потпора и при најтешките проекти. Најновата линија ровокопачи-натоварувачи е изработена Од 35-годишна љубов кон работата, експертиза и искуство.

 

ДИЗАЈНИРАНИ ЗА ДА ВИ ГО ОЛЕСНАТ ЖИВОТОТ

Има многу карактеристики кои ги прават ровокопачите-натоварувачи Cat лесни за чување и управување. Постојат пет модели на ровокопачи-натоварувачи од кои може да изберете. Секој од нив е поинаков, но сите нудат многу поголема удобност и контрола од кога било порано.

ЛЕСНО ОДРЖУВАЊЕ

Извлечете максимум од вашата машина.

  • Осовини кои лесно се одржуваат – не е потребно подмачкување
  • Вертикални филтри за сервисирање без истекување и намалено контаминирање на масло
  • Систем за ладење поставен на шарки – во ладилниците не се собираат остатоци, а моторот е поладен
  • Хауба којашто лесно се отвора и со тоа го олеснува одржувањето
  • Пристап до моторот од ниво на приземје
  • Прилагодливи подлошки за стабилизаторот и растегливата телескопска стрела

ТРАНСМИСИЈА БЕЗ ПРЕКИН НА ПОГОНОТ

 

Уживајте во непречено и ефикасно менување брзини во движење. Едноставно свртете го менувачот power shuttle за да ги промените брзините. Менувачот има ергономски дизајн којшто нуди лесно и удобно менување на брзините. Нема менувач монтиран на подот, па затоа имате повеќе работен простор.

 

 PILOT ПИЛОТСКИ КОНТРОЛИ ЗА КОПАЊЕ

Уживајте во поглатко ракување – цел ден, секој ден.


Со пилотските контроли за копање, можете да ја управувате машината непречено и прецизно. Џојстиците се монтирани на целосно прилагодливи подлоги за да може да ги поставите како што најмногу ви одговара.

CAT® MOTOP 

Извлечете максимум од вашата машина. Со моторот Cat вашиот ровокопач-натоварувач ќе ви овозможи врвни перформанси со највисока класа на ефикасност во однос на потрошувачката на гориво. На располагање се две опции на мотор: 3054C што одговара на стандардите за емисија на издувни гасови Tier 2 и C4.4 што одговара на стандардите Tier 3. И двата нудат широк спектар на моќност.

 

 

МОДЕЛ  (СПЕЦИФИКАЦИИ)

428

432

434

444