ДИЗЕЛСКИ ГЕНЕРАТОРСКИ СЕТОВИ CAT® GC

ДИЗЕЛСКИ ГЕНЕРАТОРСКИ СЕТОВИ CAT® GC

 

НОВИ МОДЕЛИ ЗА СТАЦИОНАРНИ ПОМОШНИ ПРИМЕНИ

Кога се работи за електрична енергија, не постои прекин што не ни пречи. Затоа, исклучително е важно да се подготвите за итни случаи пред изборот да стане ограничен, а загубата неизбежна. Кога ќе останете без електрична енергија, запрашајте се себеси колку ризикувате да изгубите за час, за ден, за една седмица?

 

ЕНЕРГИЈА ШТО Е СЕКОГАШ ПОДГОТВЕНА

Добијте вреден и сигурен производ каков што може да произведе единствено Caterpillar. Нашите нови дизелски генераторски сетови Cat® GC се дизајнирани и произведени според супериорните стандарди на Caterpillar во однос на ефикасноста, сигурноста и продуктивноста со најдобра поддршка во класата од дистрибутивната мрежа на Cat. Напојувани од мотори на Cat што се веќе докажани на терен, тие ги имаат светски прочуените перформанси на Caterpillar, а истовремено ги намалуваат трошоците за испорака и инсталација, јаглероден отпечаток врз животната средина и вкупните трошоци за сопствеништво. Генераторите Cat GC се вредни пакети генераторски сетови што ја нудат достапноста којашто ви е потребна за да не прекинете да работите додека имате прекин во снабдувањето со електрична енергија.

 


 

 

 

 

КРАТОК ПРЕГЛЕД НА КАРАКТЕРИСТИКИТЕ

  • Компактна рамка на основата за работа од најмалку осум часа
  • Нова контролна табла за автоматска електрична мрежа Cat GCCP со 50 дневници на настани
  • Оригинален мотор Cat, докажан и проверен на терен
  • Опционален 110% задржувач на излевање гориво, масло и течност за ладење
  • Опционален пакет за состојба на мирување со смарт бојлер и тајмер
  • Куќишта за пригушување на звукот дизајнирани за максимална заштита од елементите

 

ПРОИЗВОДНА ЛИНИЈА

Сетовите стационарни помошни дизелски генератори Cat GC се достапни од 33 до 1100 kVA и се дизајнирани да се вклопат во широка палета примени во индустријата, како во клиники и здравствени установи, производствени капацитети, земјоделски објекти, општинска инфраструктура, постројки за третман на отпадни води и други комунални услуги, комерцијални претпријатија и деловни објекти.

МОДЕЛИ CAT GC