НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ

СО НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА РОВОКОПАЧИ НА CAT

 

 

+ НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ДО 15 %  

 

КЛУЧНОТО НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВКЛУЧУВА:

  • Обединети места за филтрите за да се намали времето потребно за сервисирање.
  • Филтри за масло и гориво со продолжени интервали на одржување.
  • Нов хидрауличен филтер со висок капацитет за задржување нечистотија.
  • Нов воздушен филтер на Cat со двојно поголем капацитет за задржување прашина од претходниот.

 

+ НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГОРИВО ДО 15 % (CAT 336) ИЛИ ДО 5 % (336 GC)

 

Прецизната комбинација од помала брзина на моторот и висок притисок и проток на хидрауличната пумпа овозможува Cat 336 да заврши повеќе работа по единица гориво.

Cat 336 GC има вградено управување со потрошувачката на гориво.

Изберете еден од двата режими во склад со Вашите посебни примени – режим за моќност или смарт режим.

Режимот за моќност овозможува максимална продуктивност во тешките примени како што се товарење или копање канали.

Смарт режимот автоматски ја ускладува брзината на моторот и хидрауличната енергија со цел да постигне највисока ефикасност во однос на потрошувачката на гориво за која било примена.