Дела! Не само зборови
Дела! Не само зборови
Дела! Не само зборови
Ние не само дека пишуваме, говориме и огласуваме – НИЕ РАБОТИМЕ!
ДАВАМЕ ГАРАНЦИЈА ОД 12 МЕСЕЦИ НА ДЕЛОВИТЕ И УСЛУГАТА!
ДАВАМЕ ПОПУСТ ОД 10% НА ДЕЛОВИТЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВО ТЕКОТ
НА ТРАЕЊЕТО НА ГАРАНЦИСКИОТ РОК!
Оргиналните САТ или Реман делови проектирани се со исклучителна прецизност согласно потребите и спецификациите на вашата САТ опрема. Единствено сервис со оргинални резервни делови може да обезбеди вашиот оргинално купен производ да оствари најдобри резултати и
вашата работа да тече без застој.
Обучени сервисни техничари со прав алат и знаење ќе обезбедат сервисирање и ажурирање на вашите САТ производи по најновите САТ стандарди.
УСЛОВИ НА ПОПРАВКА
За сите делови кои ќе ги вградат нашите сервисери, одобруваме попуст од 10% на цените
од нашиот ценовник за делови.
a. TEKNOXGROUP однапред ќе даде писмена понуда за сите услуги на сервисните
поправки кои се содржани во нашите материјали.
б. Понудата останува важечка само доколку машината се испорача во иста
материјална состојба како во моментот на издавање на понудата.
в. Потребно е да се придржувате кон стандардните услови на плаќање на TEKNOXGROUP.
г. Додатната работа, доколку е откриена и е вон опсегот на понудените поправки, ќе биде
опфатена со нова понуда која купувачот треба да ја одобри пред започнување на работите.
12 МЕСЕЦИ ГАРАНЦИЈА
За секоја компонентна на која TEKNOXGROUP извршила интервенција, TEKNOXGROUP ќе
плати 100% вредност на деловите и работата за поправка на било кој дел кој откажал поради
неисправност на материјалот или квалитетот на изработка во рок од првите 12 месеци од
предавањето на производот по изведените интервенции.
а. САТ опремата мора да ја сервисираат нашите сервисери за времетраењето на гарантниот рок.
б. Опремата мора да се сервисира согласно Упатствата за ракување и одржување.
в. За време на сервисирањето потребно е да се користат оргинални САТ делови.
г. Мора да се користат оргинални САТ масла.
д. ЅОЅ анализата на течностите мора да се спроведува при секој планиран интервал на
одржување.
ѓ. Доколку клиентот не го одобри препорачаното сервисирање кое TEKNOXGROUP ќе го открие
по расклопување на компонентите, тоа може да ги поништи условите на гаранцијата.
е. Гаранцијата започнува на денот кога поправената компонентата ќе ја напушти работилницата
на TEKNOXGROUP.
ж. Компонентите/деловите кои се при крајот на нивниот нормален работен век или истите откажат
поради погрешно користење, злоупотреба или недоволно одржување, не се вклучени во
гаранцијата.
3. Мерачот на работни часови/ЕЦМ-от мора да биде исправен.
Се што работиме е креирано спрема вашите потреби.
Кога ќе ја одберете Teknoxgroup компанијата за поправка на вашата
машина, бидете сигурни дека ќе добиете исклучително најдобра услуга.
Акцијата трае до 31.12.2014. година.
Овој попуст не се додава на веќе постоечките/договорени попусти.