ПРОВЕРКА (CHECK-UP)

ПРОВЕРКА (CHECK-UP)

ПРОВЕРКАТА на Teknoxgroup е интервенција по фиксна цена, која ја нуди можноста за утврдување на „нулата“ во смисол на спецификации и преформанси на Вашата опрема (која веќе работела илјадници часови) обезбедувајќи Ви корисни информации пред да донесете важни одлуки, како што се:

  • Нацрт на Договор за поддршка на корисници
  • Планирање на застој на машини пред важни обврски
  • Проценка на трошоците поврзани со големи поправки

За време на ПРОВЕРКА, еден од нашите стручни техничари ќе ги изврши следниве зафати:

  • Земање примерок од масло од сите оддели на машината, кои ќе бидат испратени во лабораторија на анализа.
  • Замена на моторно масло и сите филтри во опремата.
  • Проверка и подесување на нивоата на масло во сите оддели.
  • Проверка со инструменти на притисоци, температури и протоци во одделите како што се моторот, преносот, хидрауличкиот систем.

По интервенцијата на техничарите на Teknoxgroup, ќе добиете детален извештај за состојбата на главните оддели како што се моторот, преносот, хидрауличкиот систем, како и извештај од СОС лабораторијата.

Во оваа фаза можете да побарате пресметка за делови и работна рака за интервенции, кои ќе ја вратат Вашата опрема во состојба на целосна подготвеност.