Caterpillar масло

Caterpillar масло

Денес, најголем број од моторите со внатрешно согорување работат во автомобили, камиони и автобуси. Само мал процент, помалку од еден процент, се користат во индустриски мотори, при произведување електрична енергија, нафта и гас, ринење земја... Но, условите на градилиште или во рудник се сосема поинакви од оние на патиштата.

Земајќи го ова во предвид, Caterpillar создаде масла за употреба во Caterpillar мотори и машини за да им се излезе во пресрет на нивните специфични намени и дизајн.

Да го погледнеме маслото за Caterpillar дизел мотор(diesel engine oil - DEO).
Тоа е темелно преработено за да може да обезбеди максимален учинок на сите корисници на мотори, особено на оние, кои користат Caterpillar мотори. Се грижи за извонредна заштита на деловите, контрола на емисиите и економија на горивото и ќе ги намали работните трошоци со оптимизирање на интервалите на истек и продолжување на работниот век на деловите.

Зошто е подобро од најдобрите комерцијални масла?

Бидејќи е специјално тестирано на Cat мотори, независно од нивната намена. Нивната формула е уникатна и е резултат на сопствени Caterpillar тестови врз Cat мотори. Cat основните состојки темелно се проверуваат, плус нашиот пакет на адитиви е лиценциран.
Прецизното балансирање помеѓу основниот состав & избраниот пакет на адитиви е клуч за стекнатите резултати

Сите Cat масла ги исполнуваат највисоките индустриски стандарди и спецификации, но исто така, постојано се во тек дополнителни специјални испитувања само за Caterpillar, за да се истражат перформансите во екстремни услови во Caterpillar машините и моторите.

Преку детални СОС анализи на флуиди, илјадници примероци се анализираат дневно низ целиот свет, со што на производителот му се овозможува точен увид во начинот на изведба на маслата од целиот свет и за сите видови намени и опрема.

Сево ова води кон една цел, да Ве снабдиме со масло, кое соодветно ќе ги штити и подмачкува Вашите машини и мотори и ќе и` овозможи најдобар можен работен век на Вашата Caterpillar опрема.