Намалете ги оперативните трошоци и трошоците на сопственост

Намалете ги оперативните трошоци и трошоците на сопственост

Следете ја дневната потрошувачка на гориво и секојдневно, од час на час, ефикасно надгледувајте ја работата на машините и користењето на опремата за ефективно да управувате со нивните перформанси и да имате увид во состојбата во која се наоѓаат. Контролирајте ги најголемите предизвикувачи на трошоци проактивно следејќи ги потребите за користење и одржување.

 

Со информациите добиени преку Product Link можете да ја прераспределите опремата онаму каде што е најпотребна и со тоа да ја зголемите искористеноста. Дополнително, многу едноставно можете да изберете поставки за ограничување на теренот и безбедносни аларми кои ќе ве информираат за неовластено користење на опремата. За максимална ефикасност можете да идентификувате неефикасно користење, да го оптимизирате вашиот возен парк со тоа што ќе ја одредите неговата точна големина, да ја контролирате потрошувачката на гориво и да имате увид во можности за подобрување на рутите на движење.

  

Користејќи го Product Link за управување и следење на состојбата на вашите машини и опрема, можете ефективно да планирате и вршите сервисирање и одржување со цел да се продолжи работниот век на машините и опремата и да избегнете скапи механички дефекти. Product Link ви овозможува да соработувате со вашиот дистрибутер со цел да создадете флексибилен план за сервисирање по достапна цена.