СЕРТИФИКАЦИЈА НА КОРИСТЕНА ОПРЕМА

СЕРТИФИКАЦИЈА НА КОРИСТЕНА ОПРЕМА

Сигурните и ефикасни перформанси на вашата користена опрема се клучни за продуктивноста на вашата дејност. Можете да се потпрете на Teknoxgroup кој ќе ви овозможи половни машини и користена опрема за производство на електрична енергија кои се вистинскиот избор за вашата дејност. Teknoxgroup нуди сеопфатен опсег од користени возила како што се багери, телескопски манипулатори, дозери, ровокопачи-утоварувачи и така натаму, како и широк опсег користени модули за производство на струја и користени генератори. 

За да се осигурате дека Teknoxgroup ги има соодветните половни машини за вашите потреби, нудиме три вида користена опрема: Cat атестирана користена опрема, Teknoxgroup верификувана користена опрема и Teknoxgroup фер купување.

Teknoxgroup има на располагање широк опсег половни машини и користена опрема која не е произведена од Cat, од кои поголемиот дел веднаш може да се стави во употреба. Инвентарот на користена опрема на Teknoxgroup се надополнува секојдневно, но доколку не можете да ја најдете соодветната користена опрема, ве молиме да нè контактирате, а нашите професионалци за користена опрема ќе го пронајдат соодветниот извор.

 

Cat Certified Used - Атестирана користена опрема на Cat

 

 

 Машините можат да се квалификуваат како атестирана користена опрема на Cat само под следниве услови:

  •  Ако поминале помалку од 5 години од продажбата
  • Ако имаат мал број работни часови (помалку од 3.500 работни часови за производи за градежништво [BCP] и помалку од 7.500 работни часови за основната и тешката опрема)
  • Ако се во одлична состојба со преостанат работен век за подвозјето и пневматиците од најмалку 50%
  • Ако неодамна го поминале неопходното сервисирање
  • Ако е вклучено упатство за ракување и одржување
  • Ако е извршено планско земање примерок од маслото
  • Ако алатите кои продираат во земја (сечила GET) се во „речиси нова“ состојба.

Секоја атестирана користена машина на Cat ќе биде:

  • Прегледана и сервисирана во склад со строгите стандарди на Caterpillar. Деталната инспекција на повеќе позиции ја покрива целата машина, почнувајќи од моторот, хидрауликата, пневматиците или лентите, преку менувачот и електронските системи, до фините позиции во кабината на ракувачот и општиот изглед. Машините се сервисирани со користење исклучиво на резервни делови, масла и филтри од Cat.
  • Се продаваат со предност која нуди гаранција од 6 месеци/1.500 работни часови за погонскиот механизам и хидрауликата * 

 * Не се вклучени возењето, транспортот и прекувремената работа.

 


Teknoxgroup Certified Used - Teknoxgroup верификувана користена опрема

 

 За да се квалификуваат во статусот на Teknoxgroup верификувана опрема, машините мораат да ги задоволат следниве критериуми:

  • Нивната старост да е помала од 10 години
  • Да имаат помалку од 6.000 работни часови (за градежната опрема)  и помалку од 10.000 работни часови за основната и за тешката опрема
  • Да се во добра состојба
  • Да имаат преостанат работен век од најмалку 40% за подвозјето и пневматиците

 

Teknoxgroup фер купување

Teknoxgroup фер купување вклучува користени машини произведени од Cat и машини што не се произведени од Cat кои не спаѓаат во горните две категории и кои претставуваат најфлексибилна расположлива опција.

Во одредени случаи, работата ќе биде изведена на терен и на тој начин машината ќе ви биде соодветно претставена. Во други случаи, ќе имате избор да ја нарачате машината надвор од теренот или да разговарате за вашите барања со нашите професионалци за користена опрема кои можат да ви понудат најсоодветен пакет за вас.  

 

Фер машина за фер цена.