БИОМАСА

 

Гориво од комунален зелен отпад, корења, нетретирано отпадно дрво

Спороодниот шредер со висок вртежен момент, флексибилните ѕвездести сита и стругачите со високи перформанси за брзо компостирање се клучни машини за ефикасно производство на обновливо гориво.

Ова гориво може да им се пласира на топланите и термоелектраните кои рабо- тат на биомаса, како исплатливо гориво со потребната топлотна моќ и големина на парчињата.

Процесирање на шумски остатоци

Шумските остатоци претставуваат заедничко име за крошните на дрвјата и гранките што се собираат при сеча на стебла, како и за корењата што се собира- ат во текот на расчистувањето на теренот. Во зависност од материјалот, логистика- та и барањата на клиентите, шумските остатоци можат да се процесираат со спороодни и брзоодни шредери, често во комбинација со машини за класирање со просејување.

 

Производство на дрвени иверки

Стеблата на дрвата што не се соодветни за рециклажа можат да се процесираат во висококвалитетни дрвени иверки со помош на дробилката Chippo. Брзоодниот шредер Axtor, исто така, може да работи и како дробилка со високи перформанси кога се користи со прицврстени алатки.

СИТНЕЊЕ СО СПОРООДЕН ШРЕДЕР

Претходно ситнење со спорооден шредер  

 

Кога биогоривото се произведува од зелен отпад, важен е најкрупниот можен проред на шредерот, така што дрвните делови ќе минуваат низ процесот на ком- постирање претежно неизменети, со ис- клучок на сушењето, и потоа можат да се просејат. Crambo, цврстиот универзален шредер, е идеален за оваа работа бидејќи големите димензии на неговата корпа на ситото ја даваат вистинската големина на парчињата за натамошна обработка. Неговата висока отпорност на примеси, исто така, го прави добар избор за ко- рења и шумски остатоци.  

  

СИТНЕЊЕ СО БРЗООДЕН ШРЕДЕР

Ситнење со шредер / дробење

Гориво со покрупна структура може да се создаде од шумски остатоци и од чисто отпадно дрво со ситнење со шредер, со Axtor шредерот за дрво за општа намена кој работи во режимот на шредер или дробилка, во зависност од влезниот материјал.

Излезниот материјал може да се користи како гориво без натамошна обработка. Кај построгите барања, материјалот може да се обработува и дополнително, со просејување и сепарација.

Дробење

Иверките од огревно дрво или чистите шумски остатоци со години се користат како гориво. Дробилките од серијата Chippo подготвуваат стока за испора- чување со висок квалитет, прецизно исечена и со многу ниска содржина на мали парчиња која може да се користи за загревање на домовите или во топлани на биомаси, во зависност од подесувањето на ножот и корпата на ситото.

КЛАСИРАЊЕ СО ПРОСЕЈУВАЊЕ

Класирање со просејување со ѕвездес- то сито

Со користењето на ѕвездестите сита Komptech, со едно минување е можно производство на ситни фракции, средни фракции и крупни фракции. Средната фракција генерално е употребливата фракција на горивото. Влезниот мате- ријал се ослободува од сите видови на исушена нечистотија кога минува преку ротирачките ѕвезди, обезбедувајќи висок квалитет на употребливите фракции, особено од шумските остатоци и корења- та. Ситните делови се преработуваат во компост, а крупните парчиња се враќаат на ситнење со шредер и се дробат со спороодни и брзоодни шредери.  

 

СЕПАРАЦИЈА

Сепарација на камен

Шумските остатоци и комуналниот зелен отпад, често, при собирањето, се измеша- ни со камења. Меѓутоа, каменот е несакан контаминирачки материјал кој го намалу- ва квалитетот и цената на биогоривото.

Машината Stonefex го подобрува квалите- тот на горивото со отстранување дури до 95% од камењата и инертните материјали. Ако е потребно, лесните материјали (пластични фолии) можат да се издвојат со воздушна сепарација со користење на машината Hurrikan.