Известување за заштита на приватноста
Известување за заштита на приватноста
Известување за заштита на приватноста
Согласно член 13 од Регулативата 2016/679 на ЕУ Текноксгруп ДОО (Контролорот на лични податоци) Ве известува дека личните податоци собрани во овој образец ќе бидат обработени со цел да му одговориме на Вашето барање и, со претходна согласност, со цел да се употребат за маркетиншки цели, како на пример додавање на Вашата имејл адреса во услугата е-билтен и испраќање промотивни рекламни материјали за производите и услугите на Текноксгруп. Текноксгруп ДОО нема да ги пренесува или дистрибуира собраните лични податоци за други цели освен за цели поврзани со нивна обработка. Вашите лични податоци ќе бидат обработени исклучиво од страна на посебно овластен персонал кој има пристап и дозвола за обработка на податоците. Вашите лични податоци ќе се чуваат во временски период кој не ги надминува целите за кои податоците се собрани и, следствено на тоа, обработени. Член 15 и следните членови од Регулативата на ЕУ признаваат неколку права во однос на Лицето чии податоци се обработуваат за кои Ве советуваме внимателно да ги разгледате. Меѓу нив, Ве потсетуваме на правото за добивање потврда за постоење на личните податоци во нашата компанија; правото да бидете известени за целта на нивната обработка и за предвидениот временски период во кој тие ќе се чуваат во нашата компанија; правото за корекција, интеграција, ажурирање, бришење, анонимизација на Вашите лични податоци или блокирање на податоци кои се незаконски обработени. Со цел да ги остварите правата на Лицето чии податоци се обработуваат наведени погоре, Ве молиме директно обратете се на Текноксгруп Македонија Дооел, Ул.20 бр.32 нас.место Бразда, 1010 Чучер Сандево Скопје, Македонија , Е-пошта: privacy@teknoxgroup.com.