BASIC CVA

Овој CVA договор ви нуди можност за навремена испорака на резервните делови до вашата адреса. Започнувате свој бизнис, го проширувате веќе постоечкиот или би сакале да имате контрола врз трошоците? Имате свои сервисери кои се вешти да вршат редовно одржување? Тогаш, оваа опција е вистинскиот избор што треба да го направите. Ние навремено ќе ви ги испорачаме деловите, секогаш кога ќе ви бидат потребни.

 

 

ШТО ВИ ПРУЖА ОПЦИЈАТА BASIC

 

   OРИГИНАЛНИ ДЕЛОВИ CAT:

  • Оригиналните делови Cat овозможуваат вашата машина да испорачува највисоки можни нивоа на сигурност и продуктивност додека работи со најмала можна потрошувачка на час.
  • Пакет деловите се ускладени со термините за редовно одржување.
  • Оригиналните делови и течности Cat за редовно одржување се испорачуваат до вашата локација.

 

   ИНСПЕКЦИЈА ОД TEKNOXGROUP:

  • Покрај вашите редовни проверки, еднаш годишно нашите експерти ќе ги проверат сите клучни компоненти и системи на вашата опрема.
  • По проверката на машината ќе би биде претставен извештај за состојбата на машината како и предлог-решенија за отстранување на евентуалните неправилности во работењето.

 

   ВАЖНИ ПОДАТОЦИ И УВИД ВО РАБОТАТА НА МАШИНАТА:

  • Подобреното управување со опремата е еден од најдобрите начини да го направите вашиот бизнис поконкурентен, а работата попрофитабилна.
  • Едноставен увид во податоците на машината преку порталот за купувачи на Teknoxgroup.
  • Пристап до податоците на машината како што се работни часови, локација, потрошувачка на гориво и дијагностички кодови.

 

 

ЗА КОГО Е ДОБРА ОПЦИЈАТА BASIC

Опцијата Basic е идеална за сопствениците кои сами ја одржуваат својата машина. Со овој CVA договор, оригиналните делови Cat се испорачуваат до ваша адреса, точно по планот за одржување.

Опцијата Basic вклучува користење течности Cat коишто го продолжуваат животниот век на компонентите.

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА БРОШУРАТА НА СЕРВИСНИ ДОГОВОРИ

и пронајдете ја правата опција за вашата дејност.