Закажано земање примероци од масло (COC)

Закажано земање примероци од масло (COC)

Замислете си да ја имате можноста да ја видите состојбата на моторот или погонот без да треба да го расклопите? Маслото игра мошне одговорна улога во Вашата машина: ја подмачкува, чисти, лади, неутрализира киселини, спречува корозија и повеќе од тоа... Но, пред да се исцеди и исфрли, може да направи уште една работа. Може да Ви ја опише состојбата и здравјето на Вашата машина. Конкретната постапка на земање примероци е лесна и брза. Маслата за моторот, преносот, диференцијалниот и осовинскиот погон се црпат од контролната точка за ниво на маслото или од шипката за контрола на маслото. Некои оддели на поновите Cat модели се опремени со поволно поставени вентили за земање примероци. Маслото потоа се анализира и се спроведуваат следниве тестови:

  • Анализата на степен на изабеност ја надгледува изабеноста со откривање, идентификување и проценување на степенот и типот на изабени метални елементи во маслото. Размерот на зголемување на изабените метални честички од примерок до примерок е подеднакво важен како и количеството на честички во маслото. Поради тоа, неопходно е редовно земање примероци во точно одредени интервали, за да се утврдат тенденциите за размерот на изабување за секоја компонента, која се подмачкува со масло. Присуството на силикон и други елементи, кои укажуваат на влез на нечистотија, исто така се надгледува со Анализата на степен на изабеност. 

Еве неколку примери за класични комбинации на изабен елемент, кои ги бараме во нашиот примерок од моторно масло и нивните најверојатни причини.

Примарни елементиСекундарни елементиПотенцијална изабеностПроблематична области причини
Силикон (нечистотија)Железо, хром, алуминиумКлипови, прстени, цевкиСистем за индукција на воздухот, филтри, филтри за воздух на турбо-полначи,
Загаденост со нечистотија
Железо
Хром, алуминиум
Цевки, клипови, прстени
Неправилни работни температури,
разложување на маслото, заглавени/скршени прстени, загадување на горивото и/или разладното средство
Силикон (нечистотија)
Олово, алуминиум
Држачи
Загаденост со нечистотија
Алуминиум или бакар
Олово, калај
Држачи
Низок или колеблив притисок на маслото
Натриум
Силикон, бор
Систем за ладење
Пумпа за вода, глава на цилиндар, лежишта на цевки, разладувач на масло, антифриз
Олово-калај
Бакар, алуминиум
Држач
Загаденост со нечистотија, недостаток на лубрикант
  • Анализата на чистота на маслото користи тест за броење на честичките за немоторни масла. Со него се откриваат и металните и неметалните остатоци (како што е материјата од триење дискови) настанати од абење, како и нечистотија од надворешни извори. Оваа информација, заедно со Анализата на степен на изабеност, овозможува исцрпна евалуација на Вашиот хидраулички и погонски систем. Оваа комбинација може открие потенцијални дефекти, кои не можат да се идентификуваат само со Анализата на степен на изабеност.

Дали знаевте дека најмалата честичка, која може да ја види човечкото око е 40 µm. Тестот за броење честички го мери бројот на честички поголеми од 5 µm и 15 µm присутни во примерокот.

  • Анализата на состојба на маслото открива недостаток на лубрикантни својства на маслото. Се користи инструмент за анализа со инфрацрвени зраци за да се споредат својствата на ново масло со својствата на Вашето користено масло од примерокот. Овој тест им овозможува на нашите техничари да одредат до кој степен се влошил квалитетот на маслото за време на употребата и да проверат дали маслото дејствува според спецификацијата за време на целиот период на замена на маслото.
  • Анализата на загаденост на маслото го одредува присуството на надворешни загадувачи. Загадувањето на гориво, вода или гликол укажува дека постојат проблеми, кои веднаш треба да се решат.

    • Разблажувањето на горивото ја намалува вискозноста на маслото и ги уништува неговите лубрикантни својства. Несогорено масло може да навлезе во картерот покрај прстените на клипот, особено доколку моторот работел во лер подолг период на студено време. Сепак, разблажување на горивото над 4% волумен, може да доведе до заглавување на прстенот на клипот и дефект во носачите на моторот.
    • Загадувањето на гликолот (разладувач) предизвикува брза оксидација на маслото и ќе доведе до голем дефект на моторот доколку веднаш не се санира. Вода може да го загади системот на маслото со протекување однадвор или кондензација во жешкиот оддел за масло или картерот на моторот. Водата ќе предизвика маслото да формира талог, кој може да ги затне филтрите.
    • Маслото загадено со вода, која поминува помеѓу тесно поставените подвижни делови, ќе предизвика „жешки места“, кои ќе доведат до намален работен век на компонентите или брз дефект.

Крајниот резултат?
 
СОС-анализата на масло и разладувач Ви овозможува да ја максимизирате продуктивноста и да ги минимизирате трошоците.

Со СОС ќе бидете во можност:

  • Постојано да ги надгледувате сите главни системи во Вашата опрема – мотор, пренос, осовински погон, диференцијали и хидраулика.
  • Рано да ги откриете проблемите и избегнете непотребен застој со уочување на малите пречки, пред да станат големи дефекти.
  • Да управувате со Вашиот буџет, предвидувајќи ремонти, поправки и работен век на опремата.
  • Да развиете комплетна историја на сервисирање за секоја машина (ја зголемува вредноста во случај на размена со доплата или продажба).

 За понатамошни информации, стапете во контакт со Вашиот претставник за поддршка.