МЕХАНИЧКО-БИОЛОШКИ ТРЕТМАН

МЕХАНИЧКО-БИОЛОШКИ ТРЕТМАН

Ključni koraki v različnih in kompleksnih postopkih MBO:

  • Ситнење со шредер

    Го намалува влезниот материјал на поса- куваната големина на парчињата 
  • Класирање со просејување

    Ги одвојува големите од малите парчиња и го подготвува материјалот за натамош- ните чекори. 
  • Стабилизација

    Ги разложува или ги суши органските состојки. 
  • Рециклирање

    Се култивираат корисните материјали од отпадот и се штедат природните суровини. 
  •       Горива произведени од отпад 
    Овие горива овозможуваат да се ис- користи енергијата од рециклираниот материјал. 
  • Дополнителна обработка

     
    Го подобрува квалитетот на резултатите од МБТ.

ТЕРМИНАТОР

Цврст предшредер.

Задача

Претходното ситнење со шредер го до- ведува влезниот материјал до константна големина на парчињата и спречува појава на предолги парчиња кои подоцна можат да предизвикаат проблеми. Грубата отпорност на примесите е многу важна во текот на претходното ситнење со шредер.

Решение

Терминаторот, со својата специјална геометрија на забите и иновативната мон- тажа на алатките, совршено ги задоволува овие барања. Четирите различни изведби на алатките и подесувањето на просто- рот за сечење без доплнителни чекори овозможува одредување на големината на излезниот материјал за неговата наме- нета цел.

Подетално 

Погонот може да биде хидрауличен или механички. Хидрауличната верзија има контрола со константна јачина и подесу- вање на континуалната брзина на оската, додека механичката верзија користи двобрзински двонасочен редуктор. 

БАРАБАНСКИ И ЅВЕЗДЕСТИ СИТА

Вистинско класирање со просејување.

Задача

Класирањето со просејување го раздвоју- ва дробениот влезен материјал според големината за да го подготви за натамошна обработка со цел да се издвои рецикли- рачкиот отпад и енергијата од отпадот. Сигурното функционирање и високата прецизност при раздвојувањето се главни- те барања што мора да ги задоволи техно- логијата на класирање со просејување. 

Решение

Барабанот Komptech и ѕвездестите сита со подесувачка големина на отворите ги задоволуваат овие барања. Со комбина- ција на повеќекратни сита можат да се по- стигнат неколку чекори при класирањето со просејување на многу мал простор. Тоа е голема предност за натамошното издвојување на рециклирачкиот отпад.

Подетално

На ѕвездестите сита, големината на пар- чињата може да се подеси со притискање на копче. На Komptech барабанските сита, познати и како „тромели“, лентите за чистење на нечистотијата и ползечките транспортери за снабдување се конфигу- рирани за материјалот и имаат пропуст- ливост со што обезбедуваат работа без блокирање.

TOPTURN И TUNNEL

Брза стабилизација.

Задача

Компостирањето помага кај брзото стабилизирање на материјалите со ниски емисии. Финалниот производ може да биде влажен, за одложување на депонија, или сув, за горење.

Решение

Првиот чекор најчесто е затворено компостирање во тунели или затворени купишта. Откако ќе стивне емисијата од брзораспаѓачките супстанции, следи финалното компостирање со помош на вртачи на куповите. Редовното преврту-вање овозможува рамномерно и ефикас- но компостирање или сушење. Topturn е идеален за оваа работа бидејќи неговата груба функционалност му овозможува да излезе на крај и со најкоомплицираните ситуации.

Подетално

Опциите како што се навлажнување и странично преместување на компос- тот овозможуваат фино подесување на процесот.  

BALLISTOR

Издвојување на рециклирачкиот отпад со висока селективност.

Задача

Отпадните материјали прво мора да се одвојат од текот на отпадот, а потоа да се исчистат. 

Решение

Технологијата на класирање со просеју- вање и балистиката го раздвојуваат отпа- дот на повеќекратни фракции. Без тоа не би можело да се одвои рециклирачкиот отпад од примесите во натамошните чекори на сортирање. На пример, ПЕТ амбалажата може лесно да се повлече од излезот на тркалачката фракција со помош на Ballistor, додека алуминиумот може лесно да се извлече од фракција на сито со пречник 50-100 мм. Ballistor нуди и до четири фракции правејќи го централна компонента во раз- двојувањето на текот на отпадот во раз- лични линии за завршно процесирање.

Подетално

Подесувачкиот критериум за сепара- ција кој е отпорен на примеси го прави Ballistor корисен за широк опсега на примени. Со оглед на фактот дека предиз- викува мало раздвижување на воздухот, произведува сосема малку прашина.  

RASOR

Енергетски ефикасно производство на RDF.

Задача

Енергетски ефикасното производство на RDF баране само ефикасно отстранување на примесите, туку и фино ситнење со шредер со рамномерно користење на силата.

Решение

Трите ползечки транспортери кај Rasor рамномерно гиповлекуваат материјалите ослободени од примеси во роторот. Потрошувачката на струја на машината е соодветно константна. На 150 вртежи/ми- нута, со повлекување бесконечно се сече дробениот материјал со висока стапка на пропустливост.

Подетално

Ножевите можат да се вртат постојано, рутинското подесување на просторот за сечење е брзо и лесно. Корпата на ситото која го опкружува роторот му овозможува на ракувачот да произведе зрнест RDF од 60 мм за палење со флуидизиран слој или зрна од 30 мм за цементни печки. 

 

MULTISTAR

Дополнителна обработка за поголем квалитет.

Задача

Некои производни системи на МБТ бараат дополнителна обработка за да обезбедат дека сите материјали се под одредена големина на парчињата. Покрај тоа, дополнителната обработка заштедува на трошоците за енергија за фино дробење при производството на RDF.

Решение

Благодарејќи на малите потреби за простор, Multistar ѕвездестите сита се популарни за дополнителна обработка. Тие со сигурност ги прозејуваат излезните материјали од МБТ слични на компост и горивото произведено од отпадот, без ко- ристење на големи количини на енергија.

Подетално

Ефикасниот, патентиран систем Cleanstar, овозможува ефикасна работа и ги нама- лува потребите за одржување на овие ѕвездести сита. При секое вртење, екстра долгиот прст на секоја ѕвезда го чисти просторот до соседниот прст.