Одржување и управување со безбедноста

Одржување и управување со безбедноста

• Планирајте и следете го одржувањето — започнете со препорачаните вградени интервали за сервисирање на Caterpillar и прилагодете ги за да одговараат на вашите потреби.

• Добијте информации за тоа кои сервисни услуги биле извршени и што е на ред со цел да избегнете задоцнување или да испуштите сервисна услуга и одржување.

• Добијте известување преку аларм во реално време за тоа дали е време за сервисирање, дали машината се движи во или надвор од рамките на градежниот терен и за операциите на машините и опремата во специфично време.

• Изберете поставки за тоа дали алармите да им стигаат по смс или по имејл на оние лица коишто треба да бидат информирани за таа проблематика. 

• Имајте увид за сите аларми на еден екран и поставете ги како приоритет информациите кои најмногу ви значат.

• Забележете ги локациите за кои ви дојавил алармот и идентификувајте ги потенцијалните проблеми на теренот со џи-пи-ес ознаки.

• Опремете ги вашите машини со ЏИ-ПИ-ЕС СИСТЕМИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ЛОКАЦИЈАТА. Доколку бидат украдени, ќе можете брзо да ги лоцирате и да си ги вратите.

• Физичките огради се добри, но не и секогаш практични. Користете електронско ГЕО- ОГРАДУВАЊЕ И ВРЕМЕНСКО ОГРАДУВАЊЕ за да бидете известени кога машините се движат на погрешно место или започнале со работа во погрешно време.