Одржување и поддршка
Одржување и поддршка
Во TEKNOXGROUP, нашата поддршка не се состои само од продажба, така што доставата на нова, користена или изнајмена машина е само почеток на нашата поддршка.
За да Ви ја покажеме нашата посветеност, низ сите TEKNOXGROUP територии поставивме 14 Претставници за поддршка на производи (Product Support Representatives - PSR). Најголем дел од нив се поранешни Сервисни техничари со долгогодишно теренско искуство, вештини и знаења. Најважно е дека тоа се луѓе кои ги познавате и им верувате: нивната задача, да Ве посетат на градилиштето или во Вашата канцеларија е со една мисија:
Намалување на Вашите оперативни трошоци и трошоците за одржување
- со спречување на застој
- со одржување на Вашата опрема секогаш во извонредна состојба
- со продолжување на работниот век на компонентите, а со тоа и на Вашата опрема
Со нивното широко познавање на нашите делови и услуги, тие ќе Ве посоветуваат и ќе ги прилагодат нашите понуди кон Вашите потреби. Ќе се стекнете со вистински „советник“ за Вашиот бизнис и ќе се уверите во посветеноста на нашата компанија да Ви помогне да го зголемите Вашиот профит.
Претставникот за поддршка на производи ќе пристапи до Вашите оператори со СОВЕТИ како правилно да ја користат машината за да можете секогаш да добиете максимален учинок по најниска можна цена. Притоа ќе се запознаете со концептите за:
- Поправка пред дефект - RBF (Repair Before Failure)
- ПРОВЕРКА - CHECK-UP
- Договор за поддршка на корисници - CSA (Customer Support Agreement)
- Договори за целосно одржување и поправки - TM&R (Total Maintenance and Repair Agreements)
- Анализа на масло и разладувач - SOS
- CAT MАСЛО
- КЛАСИЧНИ ДЕЛОВИ
- REMAN
Концепти кои се веќе препознаени и признати од нашите корисници како мошне корисни алатки и алатки за заштеда . Зошто и Вие да не се обидете со нив?
Искористете ја следнава алатка за да го пронајдете „ PSR “ претставникот кој ја покрива Вашата територија. Стапете во контакт со него и договорете се за посета на Ваша локација. Воопшто нема да зажалите!