KOMPTECH MAXX ЗА ПОЧИСТА ОКОЛИНА

KOMPTECH MAXX ЗА ПОЧИСТА ОКОЛИНА

KOMPTECH MAXX ЗА ПОЧИСТА ОКОЛИНА

Komptech производите продолжуваат да се појавуваат на нови локации.


Компанија од Загреб, која работи од 2019 година, успешно управува со различни аспекти на биолошки отпад. Од собирање, до сортирање, одвојување и најпосле рециклирање преку наменски канали, тие можат да го рециклираат и повторно да го користат отпадниот биоматеријал и затоа придонесуваат за поеколошка средина. Купувајќи био-отпад од локални компании, можат да обработат околу 27.000 тони влезен материјал годишно.


Иако веќе ја користат Komptech X53 TopTurner, сакаат да го прошират својот возен парк со новата Komptech Maxx, која ќе им помогне да преработуваат уште поголемо количество отпад, со поголема ефикасност и помали оперативни трошоци. 


Maxx

Новото барабанско сито Maxx доаѓа со хидраулични погони, додека пак како алтернатива е достапна и варијанта со електричен погон (Maxx E). Поради едноставниот метод на чистење, каде што бочните ѕидови може хидраулично да се спуштат и барабанот да се подигне, лесно е да се отстрани закоравениот материјал. Понатаму, прилагодливата долга четка по целата должина на ситото обезбедува уште поголема ефикасност при чистењето на барабанот.


Со помош на системот за автоматска контрола, испусната инка на преносната лента се држи постојано во права линија. Покрај тоа, доводната инка од 4 метри и капацитет од над 5 кубни метри ја олеснува работата на операторот.