КОМПОСТИРАЊЕТО Е НАША ЕКСПЕРТИЗА

КОМПОСТИРАЊЕТО Е НАША ЕКСПЕРТИЗА

КОМПОСТИРАЊЕТО Е НАША ЕКСПЕРТИЗА

Биоотпадот има важна улога во економскиот план за рециклирање на ЕУ. Тој се селектира во многу земји на ЕУ и помага во зачувување на ресурсите, заштита на климата и зачувување на почвата. Зголемениот број загадувачи претставува проблем.


Во последно време зголеменото количество на загадувачи во компостот го загрозува високиот квалитет на почвите направени со него, како и прифаќањето што се градеше во текот на долги години напорна работа. Загадувачите доаѓаат од луѓето кои фрлаат погрешни работи во корпата за органски отпад, а повеќето од нив се пластични. Со нашето искуство и нашата страст за компостирање, соработуваме со други технолошки компании на машини и решенија за обработка за да направиме употреблив производ за компост од контаминиран биоотпад. Тука сакаме да ви го објасниме тоа накратко.

 

Внимателно дробење

Многу од загадувачите во биоотпадот може да се отстранат за време на обработката, доколку не се премногу иситнети. Прекумерното дробење на пластичните материјали најдобро може да се избегне со употреба на дробилки со мала брзина. За таа цел Komptech ги нуди едноосовинската дробилка Terminator и двоосовинската Crambo. И двете може да се конфигурираат за селективно дробење со помош на поставките и опциите за опрема на единицата за дробење. Фазата на преддробење може да се изостави со цел да се избегне загадувачите премногу да се иситнат на самиот почеток на процесот на компостирање.

 

Просејувањето пред компостирањето станува сѐ поважен чекор

Просејувањето е најефективниот чекор во процесот на отстранување на загадувачите и се прави на скоро сите локации, обично по фазата на гниење. Компостот мора да ги исполнува строгите гранични вредности за загадувачи, додека такви правила за биоотпадот не постојат. Меѓутоа, во тек е дефинирање на параметрите за квалитет на органскиот материјал по обработката и пред компостирањето. На пример, просејување пред компостирање на 80 mm и отстранување или сортирање на вишокот е опција за многу контаминирани суровини. За ова грубо просејување може да се користат барабански и ѕвездести сита, а во некои случаи и сепаратори со дискови или спирални осовини. Овие технологии се достапни од Komptech со широк асортиман на можности, во повеќето случаи со верзии и за стационарна и за мобилна употреба.

 

Нови технологии

За фино просејување предводат барабанските сита, потоа следат ѕвездестите сита, често во комбинација со просејување со воздушно струење. Очигледно е дека машините за просејување ќе треба да работат со помали големини на зрна во иднина. Во тек е развој на технологиите за просејување кои комбинираат енергично движење на материјалот (ѕвездести сита, сита со еластична мрежа) и мрежи за сита од 8 mm и помали. Во моментов, машините за автоматско сортирање што користат блиско инфрацрвено светло или препознавање по боја и слики за да ги издвојат загадувачите од биогениот отпад не се во општа употреба. Но, сè поголем број постројки го користат овој вид технологија за компост, компостни остатоци или издробена суровина.

Треба да се напомене дека постојат ограничувања на техничките можности, а што е уште поважно, и на финансирањето на ваквите решенија. Затоа, подобрувањето на изворниот материјал е многу важен чекор. Информативните кампањи, како и следењето на состојбата, ќе помогнат да се намали количината на загадувачи во органскиот отпад. Најпосле, од сите нас зависи дали пластиката ќе влезе во зелената корпа или не.