Саем Технома

Саем Технома

Саем Технома


На овогодинешниот саем Технома, кој се одржа во период од 14-ти до 18-ти Октомври 2008 година на Скопскиот Саем, ТЕКНОКСГРУП МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ како единствен овластен дилер на територијата на Република Македонија, претстави мал дел од производите на светски познатиот производител на градежна опрема, индустриски мотори и генератори Caterpillar.

Беа преставени најновиот модел на хидрауличен багер на тркала модел М318D, потоа комбиниран ровокопач – натоварувач модел 434Е, како и повеќенаменски натоварувач модел 226В. Исто така беше претставен и вибрационен ваљак модел 214В како и дизел генератор модел GEP110.

Изложените модели предизвикаа огромен интерес кај посетителите кои не го криеја своето воодушевување истакнувајќи дека Caterpillar бил, е и ќе остане лидер во производството на градежни машини во светски рамки.

 За време на саемот, од страна на сервисната екипа на  ТЕКНОКСГРУП МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ  беа вршени практични презентации на " договор за техничка поддршка на клиентите ( СЅА)" при што можеше да се види разликата помеѓу обичното сервисирање и "договорот за техничка поддршка" како и погодностите кои клиентите на ТЕКНОКСГРУП МАКЕДОНИЈА ДOOEЛ ги добиваат со потпишување на овој договор.

 

 ТЕКНОКСГРУП МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ им се заблагодарува на сите посетители за посетата и за сите евентуални дополнителни информации Ви стои на располагање.