Дробилки
- Машини
- Користена опрема
- Енергија и транспорт
- Делови и Сервис
- Работен алат
- 3Д и 2Д автоматизација на механизацијата
- Третирање на отпадот
- Дробење и просејување
Дробилки
HARTL ДРОБИЛКИ
Дробилката на Hartl се одликува со исклучително висок капацитет на производство, минимални трошоци за амортизација и висока продуктивност. Благодарение на нејзината цврста и робусна градба, нашата дробилка може да обработува природен камен и материјали за рециклирање. Горди сме што сите наши производи и компоненти се со врвен квалитет. Со ергономска форма и иновативен дизајн, модерниот изглед на дробилката на Hartl е препознатлив и за целата палета производи на Hartl.
МОДЕЛИ | HBC 650 | HBC 750 | HBC 950 | HBC 1250 |
---|---|---|---|---|
Тежина на багер t** | ≥ 10 | ≥ 16 | ≥ 22 | ≥ 35 |
Уводен отвор mm | 650 x 500 | 750 x 500 | 950 x 525 | 1250 x 570 |
Вртежи rpm | 350 | 350 | 350 | 350 |
Притисок на масло bar | 220 | 220 | 220 | 220 |
Проток на масло l/min | > 100 | > 145 | > 200 | > 290 |
Странично подесување mm*** | 10 - 100 | 12 - 100 | 12 - 100 | 12 - 100 |
Корисна зафатнина m³ | 0,60 | 0,65 | 0,87 | 1,53 |
Димензии / Тежина | ||||
Должина mm | 1970 | 2153 | 2320 | 2600 |
Ширина mm | 1100 | 1181 | 1435 | 1800 |
Висина mm | 1280 | 1364 | 1367 | 1550 |
Тежина kg | 1700 | 2640 | 3750 | 5720 |
** Секогаш следете ги советите и почитувајте ги дадените насоки во однос на тоа колкав товар може да подигне вашата машина со цел да се овозможи целосна безбедност при работа со дробилката.
*** Зависи од вметнатата плоча.
Дробилката на Hartl има најразлична примена
- Обработка на природен камен во каменоломи, рудници, места за ископ на чакал, речен чакал итн.
- Обработка на градежен шут во форма на бетон, плочки, асфалт, керамика, стакло и сл.
- Рециклирање железнички прагови и бетонски столбови
- Работа на пат и израмнување, ископи, шумски патишта
Ова е флексибилен и мобилен производ кој се користи за економична обработка на природен камен и рециклирање материјали на самиот терен, за најкус можен период, а потребен му е минимален простор. Потребниот материјал веднаш се обработува на самото место каде што е собран или се наоѓа. Откако ќе се обработи, крајниот производ може да се смени на самото место или веднаш да почне да се употребува.
Извонредни заштеди
Дробилката создадена од Hartl е квалитетна челустна дробилка која се вметнува на корпата на багерот.
Оваа компактна единица за дробење се монтира на багер (или слична машина) и се прикачува со нашата брза спојка. Се придвижува со погонот од хидрауличниот мотор на багерот.
Заштедата на трошоци вклучува
- Трошоци за издвојување и испорачување на материјалот
- Можни локациски трошоци
- Набавка на нов потрошен материјал
- Транспортни и организациски трошоци
- Број на машини на терен - 1 багер
- Број на ракувачи – 1 лице
- Трошоци за обработка и подготовка
- Тековни трошоци
Дробилката на Hartl ви овозможува да го проширите и развиете вашиот бизнис.
Дробилката на Hartl е инвестиција која има трајна вредност и се враќа за многу кус период; исто така ја заштитува животната средина и природните ресурси.