650 КИЛОМЕТРИ НИЗ ПУСТИНАТА ГОБИ СО РУДАРСКИ КАМИОНИ CAT® 785C

650 КИЛОМЕТРИ НИЗ ПУСТИНАТА ГОБИ СО РУДАРСКИ КАМИОНИ CAT® 785C

650 КИЛОМЕТРИ НИЗ ПУСТИНАТА ГОБИ СО РУДАРСКИ КАМИОНИ CAT® 785C


Во почетокот на Март два гигантски рударски камиони САТ 785С стигнаа на границата со Монголија, откако патуваа низ САД, Тихиот Океан и Кина. Ова патување, долго илјадници километри, беше нешто посебно.  Последните 650 километри ја направија испораката на овие камиони на Укхаакхудаг, рудник за јаглен во близина на градот Таван Толгои во Монголија толку посебна: се возеа низ дивината на пустината Гоби.

 По пристигнувањето во Замун-Уд, главен железнички и патен граничен премин помеѓу Монголија и Кина, Вагнер Азија, застапникот на  Caterpillar® во Монголија, ги состави камионите и го започна возењето до рудникот за јаглен Укхаакхудаг. 

 „Возевме низ пустината Гоби, каде нема ништо освен гола дивина. Не постоеше друг начин за испорачување на овие камиони на рудникот.  Возењето траеше вкупно 48 часа и ноќта  помеѓу тргнувањето и пристигнувањето ја поминавме во шатор, „ изјави Господинот Батур, Директор на Продажба во Вагнер Азија. Но тој исто така вели дека тоа не беше најнезаборавното искуство за персоналот на Вагер Азија. „Во еден момент поминавме покрај камп на номади.  Еден од нив излезе од традиционалниот шатор и можете да замислите, колку се изненади и дури малку и се исплаши, кога виде, дека покрај него поминуваат гигантски камиони.  Па не се случува секој ден, во својот двор да видиш 250 тонски рударски камион!„

Месец дена подоцна следуваа уште 3 камиони, а до крајот на 2009 година ќе се испорачаат уште неколку. Гигантскиот рударски камион 785С има оперативната тежина од 102 тона, долг е повеќе од 11 метри, висок е 5 метри, а широк 6 метри.