ПОЧНА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА 4.000 САДНИЦИ

ПОЧНА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА 4.000 САДНИЦИ

ПОЧНА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА 4.000 САДНИЦИ


ТЕКНОКСГРУП МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ продаде на Градот Скопје нов Caterpillar повеќенаменски мини ровокопач натоварувач модел 226В со приклучни елементи. Следната вест е превземена од официјалниот портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk објавена е на 12.11.2009 година.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /12.11.2009 година/ ги додели првите садници на куќните совети, месни заедници, културни, здравствени, образовни и јавни установи, како и на верските објекти, кои се пријавија во акцијата на Градот Скопје за доделување на вкупно 4.000 садници. 

- На повикот што Градот Скопје го објави пред еден месец пристигнаа 240 пријави од заинтересираните субјекти и тоа, 16 барања од месни и урбани заедници, 20 од училишта и градинки, 6 здравствени објекти, 15 пријави од верски објекти и 183 пријави од куќни совети.

Пријавените ќе добијат најмногу десет дрвца од вкупно 35 видови зимзелени, листопадни дрвја и грмушки. Оваа акција во голема мера придонесува за зазеленување на Скопје, а стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“ во наредниот период ќе ги контролираат засадените садници во оваа акција за да се уверат дали успеале. Денеска ја промовираме и новата машина за корнење пенушки која е наменета за потребите на ЈП „Паркови и зеленило“. 

Машината во истовреме е и ровокопач и утоварувач и е прва машина од таков тип со која ќе располага ЈП „Паркови и зеленило“. До крајот на годинава очекуваме да пристигнат уште 4 нови машини кои ќе ја олеснат работата на ЈП „Паркови и зеленило“ – рече градоначалникот Трајановски на доделувањето на првите садници од оваа акција.