Гасеницата го промени светот

Гасеницата го промени светот

Гасеницата го промени светот

Во 1925 година, дотогаш конкурентните претпријатија Holt Manufacturing Company, Стоктон, Калифорнија, САД, и C. L. Best Tractor Co., Сан Леандро, Калифорнија, САД, се здружија во новоформирана компанија со име Caterpillar Tractor Co.


Некои експериментални археолози тврдат, дека уште при градењето на пирамидите се користел валјакот, поврзан со појаси за рамномерно поместување при транспортирање на камените градежни елементи, но пронаоѓањето на гасениците му го припишуваат на англискиот писател и пронаоѓач Ричард Лавли Еџеворт (1744–1817), кој нивното користење го предложил во 1770 година. Вториот британец, сер Џорџ Кејли е првиот кој ги патентирал гасениците и во 1826 година во ревијата The Mechanic's Magazine ги именува како »универзална железница«. Рускиот пронаоѓач Димитриј Загрјашкиј во 1837 година планирал »кочија со подвижни ленти« и уште истата година ја вложил пријавата за патент, но поради недостаток од средства не му успеало да го изработи работниот прототип, па затоа патентот му бил одбиен. Девет години подоцна, британскиот инженер Џејмс Бојдел го патентирал »бесконечното железничко тркало«. Меѓу кримските војни (1853–1856) известувале за користење на трактори на пареа со бесконечни ленти на страната на Западната Алијанса, но на никому од споменативе не му успеало изумот да го стави во редовно производство.

Прв што со својата работа доживеал и комерцијален успех бил Алвин Ломбард, кој го произвел и во 1901 година во САД го патентирал парниот шумарски влекач со гасеници. До 1917 година произвеле 83 парни влекачи гасеници, а потоа до 1934 година во гасениците вградувале бензински и дизел мотори. Според неговата лиценца слични трактори изработувале во компанија Phoenix Centipeed, а во 1903 година, нивната лиценца ја купил и Бенџамин Холт (1849–1920), основач на компанија Holt Manufacturing Company (подоцна Caterpillar), кој веднаш ја препознал големата иднина на новиот изум.  

Трка за предност

Во почетокот на 20. век, сличен систем се развивал во британската компанија Richard Hornsby & Sons, кое од 1818 до 1928 година произведувала парни машини и парни трактори. Нивниот главен инженер Дејвид Робертс (1859–1928) во 1904 го вложил патентот за својот изум на гасеници. Важна разлика во споредба со американските е управувањето со влекачите, управување кое Робертс го извел со промена на брзината на движењето на левата или десната гасеница (како што ни е познато), додека Ломбард на предниот дел вградувал тркало за управување како при класичните парни трактори на тркала. Во 1907 година по нарачка на компанија Hornsby снимиле подолг комерцијален филм со што прикажале, како со помош на автомобил со гасеници со 30 kW бензиски мотор од мочуриштето повлекле коњска запрега, која заглавила во калливото земјиште. На истиот терен постигнал брзина од 24 km/h. Ова е првиот познат рекламен спот (неколку такви, мошне кратки снимки се направени и во 1890 година), направен било кога. Подоцна со гасеници опремиле и патничко возило Мерцедес со мотор од 56 kW, кое на калливото земјиште постигнало брзина од 40 km/h, брзина која тенковите ја постигнале дури за време на Втората светска војна. И покрај иновативниот комерцијален зафат во компанијата Hornsby успеале да продадат само едно возило за цивилни потреби и четири трактори гасеници за воени цели. Можеби вложиле премалку енергија во лобирање во војничките кругови, затоа што американскиот Holt Manfacturing Company само една година потоа, откако Hornsby & Sons им го продал својот патент за изработка на гасеници, на британската војска им продале дури 442 трактори гасеници, изработени по лиценца во компанијата Рустон во Линколн, Велика Британија.

За првата употреба на изразот гасеница (на англиски caterpillar) за новиот изум има две приказни. Американската вели дека името прв го употребил Чарлс Клемент, американски фотограф, кого го најмил Бенџамин Холт за изработка на архивски снимки на прототипот на неговиот трактор со гасеници. Британците секако тврдат поинаку. Во 1907 година за време на презентацијата на работата на парниот трактор гасеница на Хорнсби за војнички цели, некој британски војник спомнал дека движењето на челичните плочи, поврзани во лента, кои се движат преку погонски тркала наликува на движењето на гасениците. Како и да е, новината бргу се прифати, затоа што овозможуваше одлично следење на теренот како и возење и одлично влечење дури и по нерамен и мек терен, онаму каде машините претходно не можеле да се движат.  

Во фабриката Holt Manufacturing Company во 1904 година произвеле прв парен трактор со гасеници, а во 1906 година, таков, но со бензински мотор. А тоа е само почетокот на развојот на гасениците, затоа што купената лиценца ја надополнувале со своето знаење. Сојузниците за време на Првата светска војна во голема мера ги користеле гасениците на Холт.

Caterpillar

Паралелно со Holtovimi се појавиле конкурентни парни гасеници во фабриката Best Manufacturing Company. Во 1908 година, седумдесетгодишниот Даниел Бест (1838–1910) се пензионирал и својата компанија му ја продал на Бенџамин Холт, но после една година синот на Бест дал отказ и формирал своја компанија, C. L. Best Tractor Co., кое уште петнаесет години произведувала конкурентни производи, за по неколку години од смртта на Бенџамин Холт, да се здружат во нова компанија, споменато на почетокот на написов Caterpillar Tractor Co..

Историјата на денешната компанија Caterpillar Inc. е силно поврзано со настаните во светот, а посебно во економијата. Така во почетокот во 1930 година преживуваат тешка економска криза и во исто време воведуваат дизелски мотори, а за време на Втората светска војна повторно добавуваат војничка опрема, грејдери, мотори за тенкови M4, генератори и влекачи на гасеници. По војната пак, градежни машини и друга опрема за обновување на разрушената инфраструктура во Европа и светот. Во 1950 година со формирање на компанија во Велика Британија се поставија темелите на денешната меѓународна компанија и продолжува до 1960 година со компанијата Mitsubishi Heavy Industries со joint venture компанија за производство на градежни машини во Јапонија. Во 1970 и 1980 година преживуваат уште една, тогаш нафтена криза. Со постојаниот развој и со купувањето (на пр. Perkins Engines или германскиот MaK Motoren) станаат најголеми светски добавувачи на погонски агрегати, а со изработка пак, на мотори кои не се штетни за животната средина помагаат кон одржување на чистиот воздух.  

Производствената палета на Caterpillar содржи повеќе од 300 различни производи, сите видови булдожери, трактори гасеничари, хидраулични багери на гасеници и тркала, грејдери, големи камиони кипери, натоварувачи на тркала, земјоделски трактори, дизелски и гасни мотори и друга опрема за висока и ниска градба, рударство, шумарство, производство на енергија, транспорт и преработка на материјали. И покрај моќниот притисок од конкуренцијата, пред се од Далечниот исток, со постојан развој и со вложување во квалитетот им успеа да го задржат водечкото место меѓу производителите на градежна опрема.  

Текст: Андреј Годеша
Фото: Caterpillar Inc. и Heidrick Antique Ag Collection