Советници за продажба TEKNOXGROUP

Советници за продажба TEKNOXGROUP

Советници за продажба TEKNOXGROUP

Интерната обука на вработените е една од формите на образование во различни меѓународни корпорации.


Интерната обука на вработените е една од формите на образование во различни меѓународни корпорации. Caterpillar University важи за еден од трите најпризнати корпоративни универзитети во светот. Така, во јули во Гросупље, во седиштето на компанијата Teknoxgroup, застапникот за градежна механизација и дизел мотори Caterpillar за подрачјето на државите од поранешна Југославија, свечено им беа доделени сертификати од Caterpillar универзитетот на дваесет продавачи, кои успешно го завршија интерното образование Sales Effectiveness Process (SEP).
 
Во согласност со глобалната стратегија на Teknoxgroup и Caterpillar, продавачот не е само класичен промотер на производите, туку и советник, кој на купувачот му помага да го избере најдоброто решение врз основа на неговите вистински потреби. Единственото и добро структурирано образование со сертификат за стекнатото знаење е од клучен придонес за оформувањето на советничките позиции и за последователното задоволство на купувачот. Купувачите секаде во светот можат, при контакт со продавач на Caterpillar градежната механизација, да очекуваат стандардна советодавно-продажна постапка, чиј резултат е позитивен за двете страни.
 
На првата група на Teknoxgroup дипломирани продавачи и советници, сертификатите им ги врачија претседателот на Teknoxgroup Lino Tedeschi и регионалниот директор на Caterpillar Bob De Lange и во таа прилика им се заблагодарија за вложениот труд и пионерската работа на тоа подрачје. Со тоа дипломците на Teknoxgroup ѝ се приклучија на групата од над 1000 колеги од целиот свет, кои досега успешно ја завршиле SEP програмата.
 
Претпријатието Teknoxgroup е застапник на водечкиот и најугледен произведувач на градежна механизација CATERPILLAR, кој во 2007 год. забележа промет од 45 милијарди $ (за споредба, тоа е нешто помалку од целокупниот словенечки БДП), директно има 90.000 вработени, а неговите 220 застапници ширум светот над 120.000.