Компактори
- Машини
- Користена опрема
- Енергија и транспорт
- Делови и Сервис
- Работен алат
- 3Д и 2Д автоматизација на механизацијата
- Третирање на отпадот
- Дробење и просејување
Компактори
КОМПАКТОРИ ЗА ЗЕМЈА
Моќните компактори за земја се наменети и конструирани за најтешките работи при набивање и рамнење на земјиштето.
- Со ребрасто изработена површина на тркалата, Саt компакторите за земја создаваат поголем притисок врз тлото, поголема сила на набивање, одлично влечат и удобни се за возење.
- Со можноста да работат при поголеми брзини, Cat компакторите за земја можат да го пратат и брзодвижечкиот скепер и влечата на зглобните дампери, во рамки од грандиозни проекти за градење патишта до изградба на помали резиденцијални објекти.
- Компоненти докажани на терен и систем со наменски конструирани делови за продолжување на работниот век на машината.
- Ергономски конструирани за здравјето и продуктивноста на возачот, со само еден команден уред за чие управување е потребен многу мал напор, со добра прегледност и најдобра кабина во класата.
Модел | Мотор | Нето моќност | Работна тежина | Технички карактеристики |
---|---|---|---|---|
825K | C15 ACERT | 302 kW | 35.528 kg | Каталог |
КОМПАКТОРИ ЗА ДЕПОНИИ
Со компоненти докажани на теренот и со долгогодишно искуство во проектирање на индустријата за отпадоци, Cat компакторите за депонии пружаат сигурност и доверба при извршување на работата во суровото опкружување на депонијата.
- Cat компакторите за депонии се ергономски дизајнирани со цел да ја зголемат удобноста на работникот кој управува со нив. Од одлична прегледност до карактеристики кои нудат сигурност и едноставност при управувањето, Cat компакторите за депонии нудат најдобро работно опкружување во индустријата за отпад.
- Cat компакторите за депонии се конструирани да осигураат минимален застој во работата преку достапни сервиси, групирани сервисни точки и внимание кое се пружа во клучните сервисни подрачја. Сето ова е направено така со цел Cat компакторите за депонии да го поминуваат своето време во работа, a не во поправки.
- Ергономски конструирани за здравјето и продуктивноста на возачот, со само еден команден уред за чие управување е потребен многу мал напор, со добра прегледност и со најдобра кабина во класата.
- Имаат сигурносни карактеристики кои ги заштитуваат луѓето кои работат во близина на компакторите.
Модел | Работна тежина | Бруто моќност | Нето моќност | Технички карактеристики |
---|---|---|---|---|
816K | 25.809 kg | 212 kW | 185 kW | Каталог |
826K | 40.917 kg | 324 kW | 302 kW | |
836K | 55.927 kg | 419 kW | 370 kW | Каталог |