НОВА ГЕНЕРАЦИЈА РОВОКОПАЧИ НА ТРКАЛА

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА РОВОКОПАЧИ НА ТРКАЛА

МАКСИМИЗИРАЈТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ. ЗГОЛЕМЕТЕ ЈА ЕФИКАСНОСТА. НАМАЛЕТЕ ГИ ТРОШОЦИТЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ.

 

Новата генерација ровокопачи на тркала Cat се прилично паметна дружина, комбинација од иновативна технологија и посебни карактеристики. Создадени да одговараат на секаков вид градежен терен, од каллив до асфалтиран, овие универзални машини се опремени со најновата генерација моќни мотори соодветни на еко-стандардите за издувни гасови Еуро 5 и со најдобрата смарт технологија. Новите машини со атрактивен изглед нудат совршена рамнотежа меѓу врвното чувство на удобност и практичната функционалност, правејќи ги сон за секој ракувач и задоволство за секој сопственик.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА

Новата генерација ровокопачи на тркала ја зголемуваат вашата продуктивност, нудејќи поголема удобност во кабината и контроли што се едноставни за употреба. Намалените трошоци за гориво и одржување ви заштедуваат пари.

Новите ровокопачи на тркала одговараат на вашите потреби за изведба и ви носат:

  • Намалени оперативни трошоци и трошоци за одржување
  • Зголемена оперативна ефикасност и видливост
  • Поголема удобност во кабината

МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ

Работете побрзо со 15% поголем вртежен момент и со помала потрошувачка на гориво. Нагибните ротатори овозможуваат универзалност за побрзо да завршите повеќе задачи со само една машина.

 

ДО 10% ЗАШТЕДА ОД ОДРЖУВАЊЕ

Намалените трошоци за одржување комбинирани со 100% секојдневно одржување на ниво на земја и продолжени интервали на сервисирање, го зголемуваат времето на работа и ги смалуваат севкупните трошоци.

 

ТЕХНОЛОГИЈА CAT LINK

БЕЗ ПРЕТПОСТАВКИ КОГА СЕ РАБОТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОПРЕМАТА

Телематската технологија Cat Link помага да се поедностави управувањето со градежните терени, собирајќи ги податоците генерирани од вашата опрема, материјали и луѓе и сервирајќи ви ги во прилагодливи формати.

 

КАБИНАТА ВЕ ОСЛОБОДУВА ОД ТЕЖИНАТА НА РАБОТАТА

Влезете и излезете од кабината многу поедноставно со конзола за подигнување налево и управувајте удобно со ергономскиот распоред на контролите и опциите за кабина. Видливоста е зголемена благодарение на страничните и задните камери и опциониот систем за преглед на машината од 360 степени. Опциите за кабина Deluxe и Premium нудат супериорна удобност, од седиште што се лади/загрева до автоматска контрола на температурата.

 

Ергономски распоред на контролите

Намалени вибрации во кабината

Блутут конекција

Контролите се така поставени за да се намалат движењата што предизвикуваат замор и напрегање и за да ви помогнат да управувате со полн потенцијал.

Чувствувајте се поудобно во кабината додека работите со намалени вибрации во кабината поради напредните вискозни постолја.

Интегрираното блутут радио овозможува безжично поврзување на мобилниот телефон за да слушате музика, подкасти и да телефонирате без да ги користите рацете.