D6 XE

НОВИОТ ДОЗЕР D6 XE

Cat D6 XE е првиот дозер на електричен погон во светот. Најновата технологија дозволува постојан пренос на снага до земјата, поголема агилност и побрзи циклуси со 35% подобрена ефикасност во однос на потрошувачката на гориво и намалени трошоци за одржување. Со избор на технологијата Cat Connect GRADE добивате додатоци за олеснување на работата што ви помагаат да заштедите повеќе време, материјал и напор и да го одведете вашиот бизнис на следно, повисоко ниво.

ДО 12% ПОНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ

 

Посебно дизајниран за да се намалат трошоците за одржување и сервисирање со подобрени составни делови, подолги интервали на сервисирање и помалку обврски за планирано одржување.

 

ДО 35% ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ ВО ОДНОС НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГОРИВО

 

Електричниот погон ви овозможува највисоко ниво на продуктивност и значајно помала потрошувачка на гориво.

 

 

ДО 50% ПОГОЛЕМА ПРОДУКТИВНОСТ СО ТЕХНОЛОГИЈАТА CAT

 

Зголемете ја вашата продуктивност со фабрички инсталирани технологии како што се Cat GRADE со Slope Assist и Cat GRADE со 3D.

 

ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН

Електричниот погон е најефикасен начин да се пренесе снага до земјата, па така дозерот може да заврши повеќе работа, користејќи значително помалку гориво. Со електричен погон нема потреба од менување брзини. Само изберете ја земната брзина и тргнете - преносот на снага до земјата е постојано оптимизиран. Електричниот погон е исто така трајно решение кај кое нема загуба на ефикасност со текот на времето. Електричниот погон има 90% помалку подвижни делови во споредба со традиционалната трансмисија со менувач. Со помалку составни делови за менување и продолжен животен век во однос на потребата од реконструкција, заштедувате време и пари кои инаку би ги потрошиле на одржување.

  

НИВЕЛИРАЈТЕ ПОДОБРО И ПОБРЗО

Овој нов дозер е создаден за нивелирање со подобар баланс, со подобрувања на ножот VPAT, нова опција за подвозје и технологии по избор за да ви помогнат да добиете подобри резултати за помалку време.

 

 

ПОДОБАР БАЛАНС

Ножот VPAT е редизајниран со посилна, полесна структура за да ви овозможи поголем баланс при нивелирање. Нема потреба од заден алат или противтежа.

 

 

ПОНИЗОК ПРИТИСОК НА ЗЕМЈАТА

Новиот габаритен нож LGP VPAT е создаден за посебна цел и опремен со 915 mm центрирани педали. Ова додава и до 35 kPa притисок на земјата за да ви овозможи меко газење.

 

УНИВЕРЗАЛНОСТ НА НОЖОТ

Ножевите Cat VPAT ви овозможуваат врвен опсег на движења за да можете да се справите со работни задачи кои претставуваат предизвик, како што се копање канали и затрупување. За да ја завршите работата, ножот VPAT останува на ниво кога е под агол со цел да добиете помазно нивелирање.

 

НИВЕЛИРАЈТЕ ПОБРЗО

Нивелирајте побрзо – со опсег на брзина 2.5-3.0 – без да го жртвувате квалитетот. Поширокиот нож LGP значи помалку преминувања. Новата опција на подвозјето за финално нивелирање (10-валјаци) ви овозможува помазни нивоа, со поголема брзина, дури и кај сложени површини како што се песок и чакал.

 

 

 

   

 

ДИЗАЈНИРАНА ЗА РАКУВАЧИТЕ

Кабината на D6 XE е дизајнирана да го подигне стандардот за удобност и продуктивност на ракувачот. Како дополнение на 10-инчниот екран на допир, стандардното седиште со воздушно потпирање е пошироко со надградено прилагодување за грбот, достапни се опции за кожно седиште со ладење/загревање и разновидни прилагодувања коишто помагаат дозерот да биде по мерка на посебните потреби на ракувачот. Профилот за примени ви дозволува да создадете мноштво профили каде ќе бидат зачувани поставките наменети за различни работни задачи или за повеќе ракувачи.

 

 

Ретровизорската камера со висока дефиниција е стандардна. Сликата се прикажува на главниот дисплеј и вклучува насочувачки линии коишто ве водат. Редизајнираната кабина со интегрирана структура за заштита од превртување (Rollover Protective Structure (ROPS)) има околу 15% повеќе стаклена површина за да ви овозможи подобра сеопфатна видливост.