Cat D3 СЕРИЈА

СОЗДАДЕНА ЗА ВАС

Новата Cat® D3 серија на повеќенаменски и компактни натоварувачи е дизајнирана мислејќи на вас. Pакувачите ни кажаа што им треба за безбедна и удобна работа, секој ден.

 

 

МАШИНА КОЈА РАБОТИ ВРЕДНО КАКО ВАС

Серијата машини D3 се поцврсти од кога било. Системот на гориво е поистраен, со еден филтер што го олеснува одржувањето. Посилното скалило, поширокото газилиште и цврстата рачка ви овозможуваат безбедно да влезете во кабината. Тие се дизајнирани да бидат поотпорни на секојдневото трошење и абење.

 

СЕКОЈ МОДЕЛ НУДИ

  • 40% пошироко отворање на вратата и запечатени кабини под притисок со повеќе простор за нозете за максимално удобна работна средина
  • напреден екран за лесно менување на подесувањата и прилагодувањата, вклучувајќи ја и задната камера
  • повеќефункционалност благодарение на уникатната Смарт технологија која овозможува лесно користење на разни приклучоци со контролите на вашиот џојстик
  • подобрен систем на филтрирање на горивото – потраен дизајн со помалку одржување
  • портокалов појас на седиштето со висока видливост и ротациски светла за безбедност на работното местo

 

 

15% ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ВО КАБИНАТА

 

Подобрените кабини на машините од серијата D3 го приоретизираат комфорот, овозможувајќи им на ракувачите:

 

  • 15% повеќе простор помеѓу џојстиците и
  • до 40% поширок отвор на вратата што му овозможува на ракувачот прилично поудобно искуство

 

ЕДНА МАШИНА ЗА ПОВЕЌЕ ЗАДАЧИ

 

Користете една машина поефикасно за серија на различни задачи благодарение на Смарт технологијата.

ваа технологија овозможува машината автоматски да препознае кога ги додавате Смарт приклучоците и го конвертира џојстикот за да го контролира приклучокот.

Сега можете да го намалите времето на застој и да ја максимизирате продуктивноста со лесно управување со машина со Смарт приклучоци од удобноста на вашата кабина.

 

 

ПОГОЛЕМА ПРОДУКТИВОСТ СО ЗГОЛЕМЕН КАПАЦИТЕТ

 

Индустриските корпи performance нудат 30% дополнителен капацитет за поголема продуктивност, поместувајќи повеќе материјал со едно поминување.

Новите индустриски корпи performance имаат и:

  • • погуст челик и дополнителен абечки слој
  • закривени бочни страни
  • стандардни странични резачи.