НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ

СО НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА РОВОКОПАЧИ НА CAT

 

 

+ НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ДО 15 %  

 

KEY MAINTENANCE COST REDUCTIONS INCLUDE:

  • Нови филтри за гориво и воздушен филтер Cat кои имаат двојно продолжени сервисни интервали во споредба со претходните филтри.
  • Нов хидрауличен филтер со поголем капацитет за задржување нечистотија кој има 50% подолг работен век од претходниот филтер.
  • Нов електро-хидрауличен систем кој ја исклучува потребата од пилот филтер и црева.
  • Нови високо ефикасни електрични вентилатори за ладење што работат само кога е потребно, а работењето во обратна насока спречува таложење наслаги од отпадни остатоци. Можете да изберете поставки за мануелно или автоматско работење во обратна насока.

 

+ НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГОРИВО ДО 20 % (CAT 330) ИЛИ ДО 12 % (330 GC)

 

Со поголеми хидраулични пумпи, нов електро-хидрауличен систем и зголемен капацитет на корпата, Cat 330 завршува повеќе работа по единица гориво.

Моделот Cat 330 GC е опремен со два режими за управување со потрошувачката на гориво за Вашите посебни примени – режим за моќност и нов смарт режим.

Режимот за моќност овозможува максимална продуктивност во тешките примени како што се товарење или копање канали.

Смарт режимот автоматски ја ускладува брзината на моторот и хидрауличната енергија со цел да постигне највисока ефикасност во однос на потрошувачката на гориво за која било примена.