Грејдер
- Машини
- Користена опрема
- Енергија и транспорт
- Делови и Сервис
- Работен алат
- 3Д и 2Д автоматизација на механизацијата
- Третирање на отпадот
- Дробење и просејување
Грејдер
НОВИ ИМИЊА. ПОВЕЌЕ ОПЦИИ ЗА ПРОДУКТИВНОСТ И УДОБНОСТ.
Моторните грејдери се предводници на мултитаскинг во индустријата. Грејдерот може да финишира нагиб, да измеша агрегат и други материјали, да пресече или исчисти ров, да исчисти снег и да направи насип. Без разлика на обемот на работата, за секоја постои моторен грејдер Cat® – мал, среден и голем. Неодамна ги поедноставивме имињата на целиот наш асортиман моторни грејдери.
МОЖНОСТ ЗА МАНЕВРИРАЊЕ НАМЕСТО МУСКУЛИ
Малите моторни грејдери честопати се користат од одделенијата за јавни работи на градските совети и управи за одржување и чистење на улиците и патиштата од снег. Изведувачите користат грејдери за разновидни работи, како што се изградба на патишта, паркиралишта, спортски терени и подлоги за темели. Предноста на моторен грејдер со оваа големина е неговата способност да се движи ефикасно во тесен простор. Малите моторни грејдери Cat® ви овозможуваат да изберете контроли - џојстици или управувачки волан и полуги. Кога барате идеален баланс меѓу можноста за маневрирање и перформансите, постои моторен грејдер Cat кој совршено одговара.
НИШТО НЕ МОЖЕ ДА ВИ ГО ПОПРЕЧИ ПАТОТ
Со моторните грејдери Cat® имате моќ и должина на сечилото да поместите многу материјал и со тоа да градирате брзо и ефикасно. Високиот капацитет и брзината на сечилото ги прават идеални за чистење снег или наноси на патиштата за рекордно брзо време. Комбинацијата на тежина и коњска сила им помага да пресечат и пробијат цврсти и силно набиени материјали, како на пример рударски патишта.
<
Модел | Нето моќност | Работна тежина | Широчина на ножот | Технички карактеристики |
---|---|---|---|---|
120 / 120 AWD | 104 kW | 15.906 kg | 3.7 m | |
140 / 140 AWD | 133 kW | 19.344 kg | 3.7 m | |
140 GC / 140 GC AWD | 147 kW | 17.650 kg | 3.7 m | |
150 / 150 AWD | 149 kW | 19.935 kg | 3.7 m | |
160 / 160 AWD | 165 kW | 20.660 kg | 4.2 m | |
14 | 178 kW | 25.968 kg | 4.2 m | |
16 | 178 kW | 32.411 kg | 4.9 m | Каталог |
18 | 216 kW | 33.713 kg | 5.5 m | |
24 | 227 kW | 73.344 kg | 7.3 m |